Словенофилската идеја во биографските дискурси од македонскиот 19 век
Journal
Руско-македонски јазични, литературни и културни врски 7 (Зборник на трудови од VII македонско-руска научна конференција, Скопје, 15 и 16 јуни, 2017 год.). Скопје: Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Филолошки факултет „Блаже Конески“, 2018, стр.455-465.
Date Issued
2018
Author(s)
Abstract
Македонската книжевност во 19 век, обележена со најразлични и често противречни тенденции, од втората половина на 19 век почнува да се развива во светлината на словенофилството, особено по формирањето на Словенскиот благотворителен комитет во Москва во 1856 година. Биографските дискурси, чија актуелност станува позначајна во тој период, првенствено поради романтичарските стремежи кон соодветно историско постулирање на значајните моменти, во голема мера ја потврдуваат круцијалната и мошне важната улога која ја има Русија за Македонија во тој период. Наш предмет на интерес претставува најраното биографско сведоштво за браќата Миладиновци, одразено во записот на Александар Рачински, што ќе биде доведено во контекст и на другите биографии за Миладиновци од тој период. Со оглед на неколкуте мошне значајни трудови на професорот Тушевски посветени на словенофилството, нашиот текст има за цел да ги преиспита односите кои постојат во рамките на биографскиот текст (кој противречи на строгото жанровско дефинирање). Биографијата, ако е сфатена како аргумент за соодветно историско истражување, го оневозможува или го отежнува соодветното „естетичко читање“, кое е, сепак, еден од условите за валидна интерпретација на тој текст.
Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
Словенофилската идеја во биографските дискурси од македонскиот 19 век.pdf
Size
328.07 KB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):48ebf71876460c540cec28c939d39300
