Проблемот на идентитетот во романите на Орхан Памук и Живко Чинго
Journal
Спектар, Меѓународно списание за литературна наука, год. XXXV, бр. 69. Скопје: Институт за македонска литература, 2017, стр. 101-114.
Date Issued
2017
Author(s)
Abstract
Мултикултурниот свет, кој се манифестира како директна последица од глобализацијата (која, во строго научна смисла, ја предвидe уште Маршал Мек Луан со неговите темелни претпоставки за глобалното село и медиумот како порака), значи можност за темелно превреднување на сите наследени концепти. Тој процес во голема мера се одрази врз новото и активно концептуализирање на поимот идентитет (Бенедикт Андерсон, Вилијам Е. Коноли и др.), што подразбираше најпрво негово поставување во однос на националноста и припадноста кон една поширока заедница воопшто. Нашиот текст се фокусира врз истражувањето на идентитетот и неговите манифестации во романите „Црната книга“ од Орхан Памук и „Бабаџан“ од Живко Чинго, првенствено од аспект на наративната структура и нејзините трансформации во делата на Орхан Памук, како и во однос на навестените постмодернистички постапки во творештвото на Живко Чинго. Поставувањето на двајцата автори во контекстот на употребените наративни техники во нивните дела отвора можност за преиспитување на поширокиот културолошки модел, кој со оглед на активното повикување на минатото (особено кај Чинго), подразбира истражување и на големиот број имаголошки претстави од најразличен вид.
Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
Орхан Памук и Живко Чинго.pdf
Size
284.98 KB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):5e4ded2a76c1b1330549b155670fa660
