Идентитетот како дискурзивен феномен во словата од македонскиот литературен XIX век
Journal
Меѓународно списание за културолошки истражувања „Култура/Culture“, год. VI, бр. 14. Скопје: Ми-Ан, 2016, стр. 114-123.
Date Issued
2016
Author(s)
Abstract
Постмодерната го истакна хибридниот карактер на идентитетот и неговите специфични својства. Неможноста да се конструира еден и единствен идентитет, како и противречната поставеност на човекот како неидентичен на себеси во сите одделни моменти ја истакнуваат потребата од посебното истражување на идентитетот. Нашата поставена теза се однесува на идентитетот кој се достигнува преку дејствувањето на дискурсот, односно оној вид субјективност (како што ја дефинираше Емил Бенвенист) која покажува какви се можностите за формирање на идентитетот во рамките на дискурсот. Со оглед на фактот дека словата се еден од најактуелните жанрови во македонската литература од XIX век, нивната специфична поставеност ја истакнува можноста за редефинирање и на националниот идентитет, кој недвосмислено е обележен со заборавањето (Ернст Ренан). Оттука, предложената тема ја истакнува специфичната поврзаност на идентитетот со субјективноста, со феноменологијата на претставата и со меморијата/заборавањето. Секако, паралелно со истражувањето на идентитетот на говорникот, кој не е обележен само национално, наша задача ќе претставува и одредувањето на жанровскиот идентитет на словата во македонската литература од XIX век, што претставува посебен научен проблем.
Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
Идентитетот како дискурзивен феномен во словата од 19 век.pdf
Size
440.14 KB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):742e25c62f1d88b3440c720f1e13e6a6
