Please use this identifier to cite or link to this item: http://hdl.handle.net/20.500.12188/6831
Title: КАКО МОЖЕ ПРЕТПРИЕМНИШТВОТО ДА ПРИДОНЕСЕ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ВРАБОТЕНОСТА НА МЛАДАТА ПОПУЛАЦИЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Authors: Фити, Таки 
Филиповски, Владимир 
Ташевска, Билјана 
Keywords: инвестициона клима, креативност и иновативност, мали и средни претпријатија, претприемничка едукација и култура, претприемништво
Issue Date: 2014
Publisher: Национален центар за развој на иновации и претприемачко учење
Source: 19. Фити, Т., Филиповски, В. и Ташевска, Б. (2014) „Како може претприемништвото да придонесе за зголемување на вработеноста на младата популација во Република Македонија?“, Зборник од Советувањето Како до поголема вработливост на студентите и дипломците во Република Македонија?, МАНУ, Скопје, 14 март 2014, Скопје: Национален центар за развој на иновации и претприемачко учење, стр. 1-12
Conference: Како до поголема вработливост на студентите и дипломците во Република Македонија?
Abstract: Невработеноста влегува во редот на најтешките макроекономски, социјални и политички проблеми со кои се соочуваат современите земји. Глобалната криза од 2007/2009 година посебно ги погоди младите (делот од работната сила под 25 години), со што уште повеќе се зголеми јазот помеѓу општата стапка на невработеност и стапката на невработеност на младата популација. Светските искуства покажуваат дека развојот на малите и средните претпријатија (МСП) и на претприемништвото даваат посебен придонес во креирањето на нови работни места и во зголемување на шансите за вработување на младите. Врз основа на таквите искуства и низ критички осврт на процесот на развој на малите бизниси и на претприемништвото во Македонија, селектираме неколку приоритети на економската политика кои можат да придонесат за развој на претприемништвото (посебно на виталните претприемнички процеси - иновативност, индустриски субконтрактинг, бизнис - инкубација, развој на ризичниот капитал и сл.) и за ублажување на високата невработеност на младата работна сила: (1) подобрување на инвестиционата клима, т.е. креирање на поволен претприемнички амбиент, посебно во сегментите врзани за заштитата на сопственичките права, борбата против корупцијата, подобрување на регулацијата на бизнисите, спречување на инволвирањето на политиката во бизнисот и сл; (2) креирање на капацитет за трансформација на локалните влади, т.е. оспособување на јавната администрација за покренување и имплементација на претприемничкиот процес во единиците на локалната самоуправа; (3) подобрување на квалитетот на претприемничкото образование и ширење на претприемничката култура низ комбинација на знаењата кои се стекнуваат во “училниците“ со вештините во практиката; (4) олеснување на пристапот на МСП до средства за финансирање на нивниот раст преку докапитализација на Македонската банка за поддршка на развојот и промоција на алтернативни форми за финансирање на бизнисите - посебно на ризичниот капитал; (5) понатамошен развој на активните пристапи преку критичко преиспитување на нивните практични ефекти.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/6831
Appears in Collections:Faculty of Economics 02: Conference papers / Трудови од научни конференции

Show full item record

Page view(s)

155
checked on Apr 20, 2024

Download(s)

62
checked on Apr 20, 2024

Google ScholarTM

Check


Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.