КАКО МОЖЕ ПРЕТПРИЕМНИШТВОТО ДА ПРИДОНЕСЕ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ВРАБОТЕНОСТА НА МЛАДАТА ПОПУЛАЦИЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Date Issued
2014
Author(s)
Abstract
Невработеноста влегува во редот на најтешките макроекономски, социјални и политички проблеми со кои се соочуваат современите земји. Глобалната криза од 2007/2009 година посебно ги погоди младите (делот од работната сила под 25 години), со што уште повеќе се зголеми јазот помеѓу општата стапка на невработеност и стапката на невработеност на младата популација. Светските искуства покажуваат дека развојот на малите и средните претпријатија (МСП) и на претприемништвото даваат посебен придонес во креирањето на нови работни места и во зголемување на шансите за вработување на младите. Врз основа на таквите искуства и низ критички осврт на процесот на развој на малите бизниси и на претприемништвото во Македонија, селектираме неколку приоритети на економската политика кои можат да придонесат за развој на претприемништвото (посебно на виталните претприемнички процеси - иновативност, индустриски субконтрактинг, бизнис - инкубација, развој на ризичниот капитал и сл.) и за ублажување на високата невработеност на младата работна сила: (1) подобрување на инвестиционата клима, т.е. креирање на поволен претприемнички амбиент, посебно во сегментите врзани за заштитата на сопственичките права, борбата против корупцијата, подобрување на регулацијата на бизнисите, спречување на инволвирањето на политиката во бизнисот и сл; (2) креирање на капацитет за трансформација на локалните влади, т.е. оспособување на јавната администрација за покренување и имплементација на претприемничкиот процес во единиците на локалната самоуправа; (3) подобрување на квалитетот на претприемничкото образование и ширење на претприемничката култура низ комбинација на знаењата кои се стекнуваат во “училниците“ со вештините во практиката; (4) олеснување на пристапот на МСП до средства за финансирање на нивниот раст преку докапитализација на Македонската банка за поддршка на развојот и промоција на алтернативни форми за финансирање на бизнисите - посебно на ризичниот капитал; (5) понатамошен развој на активните пристапи преку критичко преиспитување на нивните практични ефекти.
Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
Kako moze pretpriemnostvoto da pridonese za zgolemuvanje na vrabotlivosta na mladata populacija vo Republika Makedonija.pdf
Size
446.37 KB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):222d800e53d5c80c3fba698f4b0df32f
