Ве молиме користете го овој идентификатор да го цитирате или поврзете овој запис: http://hdl.handle.net/20.500.12188/6816
Наслов: Потреба од бенефициран работен стаж за вработените во вонинституцонална заштита и во институционална заштита за деца со умерена и со тешка интелектуална попреченост
Authors: Станојковска Трајковска, Наташа 
Keywords: деца со умерена и тешка интелектуална попреченост, вонинституционална и институционална заштита, професионално согорување, бенефициран работен стаж
Issue Date: 2015
Publisher: Филозофски факултет, Скопје
Source: Станојковска Трајковска, Н. „Потреба од бенефициран работен стаж за вработените во вонинституцонална заштита и во институционална заштита за деца со умерена и со тешка интелектуална попреченост“. Годишен зборник на Филозофски факултет 68, 2015
Journal: Годишен зборник на Филозофскиот факултет
Abstract: Системот на заштита и рехабилитација на лица со инвалидност, како и воспитно-образовниот систем во Република Македонија од 2000 година, па до денес претрпе низа промени предизвикани од процесите на деинституционализација и инклузија. Ваквите промени предизвикуваат значително да се намали бројот на деца со умерена интелектуална попреченост во дневните центри и во Заводот за рехабилитација на деца и младинци „Топанско поле“, а за сметка на ваквата промена да доминираат децата со тешка интелектуална попреченост. Менувањето на структурата на корисниците, зголемувањето на работниот стаѓ на стручните лица кои работат со оваа категорија деца и слабата надворешна мотивираност предизвикуваат професионално согорување. Истражувањето е спроведено на примерок од 16 стручи лица вработени во Завод за рехабилитација на деца и младинци во Скопје и 94 стручни лица вработени во центрите за дневно згрижување во Република Македонија. Кадарот што е ангажиран на третман на лица со тешка интелектуална попреченост во Специјалниот завод во Демир Капија има работен стаж кој се смета со зголемено траење. Затоа истражувањето е спроведено со цел да испитаме дали стручните лица кои ја покриваат оваа категорија деца имаат потреба од дополнително мотивирање и стимулирање, како и воведување бенефициран работен стаж како можност за зголемување на ефикасноста во работењето и подобрување на квалитетот на живот на стручните профили кои се во директен и секојдневен контакт со деца со умерена и со тешка интелектуална попреченост.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/6816
ISSN: 0350-1892
Appears in Collections:Faculty of Philosophy 04: Journal Articles / Статии во научни списанија

Files in This Item:
File Опис SizeFormat 
Потреба од бенефициран работен стаж .pdf1.04 MBAdobe PDFThumbnail
View/Open
Прикажи целосна запис

Page view(s)

110
checked on 29.3.2024

Download(s)

58
checked on 29.3.2024

Google ScholarTM

Проверете


Записите во DSpace се заштитени со авторски права, со сите права задржани, освен ако не е поинаку наведено.