Дали се уште постојат календарските аномалии на приносите на МБИ10 индексот?
Journal
Годишник на Економскиот факултет – Скопје
Date Issued
2015
Author(s)
Abstract
Целта на овој труд е да утврди дали постои прекршување на хипотезата за случаен од и да го испита постоењето на три календарски аномалии на дневните приноси на МБИ10 индексот: ефектот на денот на неделата, ефектот на половина месец и ефектот на преодот во месецот. Посебно се испитува постоењето на секој од овие ефекти во средината и волатилноста на приносите на индексот. Стандардни регресиони модели со вештачки променливи се користат при утврдување на ефектите во средината, додека GARCH(1,1) модели со вештачки променливи се користат при утврдување на ефектите во волатилноста. Резултатите покажуваат дека дневните приноси на МБИ10 индексот се карактеризираат со силно присуство на ефектот на денот во неделата, додека кај волатилноста на индексот ефектот на денот во неделата е само умерено присутен. Ефектот на половина месец и ефектот на преодот во месецот не е присутен кај дненвните приноси на МБИ10. Спротивно на ова, волатилноста на индексот се карактеризира со силно присуство на ефектот на поливина месец, а умерено присуство на ефектот на преодот во месецот.
Subjects
