Ве молиме користете го овој идентификатор да го цитирате или поврзете овој запис:
http://hdl.handle.net/20.500.12188/6784
Наслов: | Хипокритски кон Хипократ | Authors: | Минов, Никола | Keywords: | лекари, пропаганда, Македонија, Бугарија | Issue Date: | 2016 | Publisher: | Филозофски факултет, Скопје | Source: | Минов, Н. (2016). „Хипокритски кон Хипократ“. Годишен зборник на Филозофскиот факултет 69, стр. 155-171. | Journal: | Годишен зборник на Филозофскиот факултет | Abstract: | Во османлиска Македонија силно се чувствувал недостатокот од професионален медицински кадар. Со исклучок на турските воени екими што ги опслужувале месните гарнизони, во македонските градови во втората половина на ΧΙΧ век работел занемарлив број христијански лекари. Присуството, пак, на лекари во селата било вистинска реткост. Ваквите околности придонеле лекарите да ги заземат повисоките скалила на општествената пирамида. Странските пропаганди биле свесни за перспективите што би се отвориле доколку успеат да обезбедат патронажа врз македонските медицинари. Влијанието што го нудела лекарската професија им овозможувало на лекарите успешно да агитираат кај македонскиот народ во полза на своите работодавци. Оттука, во последната деценија на ΧΙΧ век, министерствата за надворешни работи на балканските држави не штеделе средства за финансирање на своја лекарска фаланга во Македонија. Прва жртва во оваа борба за освојување на следбеници било токму македонското христијанско население, кое за да ги задоволи своите основни хумани и здравствени потреби било принудено да прави компромиси со себе и со својата национална свест. Во долните редови ќе го разгледаме начинот на кој бугарската и другите пропаганди на балканските држави ја користеле медицината за да ги остварат своите завојувачки планови во Македонија. Притоа, со компаративна анализа ќе ја тестираме тезата на бугарската историографија дека грчките, српските и романските лекари биле пропагатори, а дејноста на бугарските лекари била „чисто хумана и насочена кон лекување на болното бугарско население.“ | URI: | http://hdl.handle.net/20.500.12188/6784 |
Appears in Collections: | Faculty of Philosophy 04: Journal Articles / Статии во научни списанија |
Files in This Item:
File | Опис | Size | Format | |
---|---|---|---|---|
11 MINOV.pdf | 530.77 kB | Adobe PDF | ![]() View/Open |
Page view(s)
141
checked on 5.11.2024
Download(s)
81
checked on 5.11.2024
Google ScholarTM
Проверете
Записите во DSpace се заштитени со авторски права, со сите права задржани, освен ако не е поинаку наведено.