Ве молиме користете го овој идентификатор да го цитирате или поврзете овој запис:
http://hdl.handle.net/20.500.12188/6702
Наслов: | Процес на регрутирање и селекција на човечки ресурси во ИТ-претпријатија | Authors: | Мирчовска, Фимка | Keywords: | менаџмент на човечки ресурси; ИТ претпријатија; регрутирање; селекција; мотивација, продуктивност. | Issue Date: | 2020 | Publisher: | Филозофски факултет, Скопје | Source: | Мирчовска, Ф. (2020). Процес на регрутирање и селекција на човечки ресурси во ИТ-претпријатија. Магистерска теза. Скопје: Филозофски факултет. | Abstract: | Регрутирањето и селекцијата се едни од потешките и позначајните процеси на секое претпријатие од информатичката технологија (ИТ). По завршувањето на процесот на регрутација следи процесот на селекција, па секогаш ИТ претпријатието треба да биде добро подготвено и правилно да ги изврши овие комплексни процеси со цел да се вработат „вистински луѓе“ на „вистински работни места“. Овие процеси се склони на грешки, кои за последица можат да прикажат вработување на неквалитетни ИТ човечки ресурси, кои значително можат да влијаат врз идната продуктивност на ИТ претпријатието, тимската работа, мотивацијата и задоволството на сите вработени. Во магистерскиот труд се согледуваат ИТ претпријатија и се добиваат веродостојни резултати во однос на актуелната состојба на истите во РС Македонија и создавање на идни препораки за развој на ИТ претпријатијата. Овие препораки можат да им помогнат на ИТ претпријатијата за трансформирање на нивниот постоен систем на менаџмент на човечки ресурси во нов, иновиран и подобрен систем кој на пофункционален начин ќе ги врши процесите на регрутирање и селекција на кадри во ИТ секторот. Во трудот се употребени бројни методи на истражување како аналитички основни методи (анализа, специјализација и дедукција), синтетички основни методи (конкретизација, генерализација и индукција), а воедно ќе се користи и статистичка обработка преку две техники на истражување: анкетен прашалник (наменет за кандидати и вработени) и структурирано интервју (наменето за менаџери на МЧР) чии резултати се основа за идните нумерички показатели. Резултатите од истражувањето потврдија дека процесите на регрутација и селекција во ИТ претпријатијата во РСМ се на високо ниво, но сепак постојат минимални потреби за воведување на промени и подобрување во иднина со цел за правилен начин на селекција и вработување на кандидатите. Со тоа ИТ претпријатието има можност да ја зголеми продуктивноста, тимската работа, мотивацијата и задоволството на сите вработени. | Опис: | Магистерска теза одбранета во 2020 година на Филозофскиот факултет во Скопје, под менторство на проф. д–р Јован Пејковски. | URI: | http://hdl.handle.net/20.500.12188/6702 |
Appears in Collections: | Faculty of Philosophy 07: MA Theses / Магистерски тези |
Files in This Item:
File | Опис | Size | Format | |
---|---|---|---|---|
fmirchovska2020.pdf | 1.33 MB | Adobe PDF | ![]() View/Open |
Page view(s)
302
checked on 19.7.2025
Download(s)
2.188
checked on 19.7.2025
Google ScholarTM
Проверете
Записите во DSpace се заштитени со авторски права, со сите права задржани, освен ако не е поинаку наведено.