Ве молиме користете го овој идентификатор да го цитирате или поврзете овој запис: http://hdl.handle.net/20.500.12188/6694
Наслов: Дијалошкиот метод на Михаил Михајлович Бахтин и Бахтиновиот кружок
Authors: Искра Тасевска
Keywords: Бахтинов кружок, идеологија, хетероглосија, полифонија, дијалогизам.
Issue Date: 2018
Publisher: Македонска академија на науките и уметностите
Проект: Методи на книжевната херменевтика“, МАНУ, 2016-2017.
Journal: Критички методи и толкувања, том 2, прир. Катица Ќулавкова. Поглавје „Структурализам, постструктурализам, наратологија, постколонијализам и деконструктивизам“, 177-197.
Abstract: Во текот на 20-вековните книжевнотеориски струења, дејноста на Бахтиновиот кружок претставува една од доминантните тенденции воопшто. Се смета дека изникнува од постреволуционерните превирања во Русија, кои во голема мера го условуваат истражувањето на социолошките феномени и конфликтноста на различните гласови кои се судираат на општествената сцена. Во таа смисла, важноста на кружокот и неговото дејствување среде постојаните промени е исклучителна, особено поради свежината на презентираните идеи, и покрај тоа што во нив е видливо влијанието на претходните философски и книжевнотеориски тенденции, кои уште еднаш ја потцртуваат доминантната насоченост на теориските претпоставки на кружокот кон непрестајниот и обновувачки дијалог. Во анализата ги имаме предвид најкарактеристичните поими на Бахтиновата парадигма – хетероглосијата, полифонијата, дијалогизмот, хронотопот и карневализацијата, водејќи сметка за автентичната критика на формализмот и изградувањето на социолошката поетика на Медведев и Волошинов, низ чие содејство се градат и развиваат и ставовите на Михаил Бахтин. Јулија Кристева и Цветан Тодоров претставуваат вистински следбеници на дијалошкиот метод на Бахтиновиот кружок, не само во однос на нивното критичко осврнување кон специфичностите на методот, туку и во врска со начинот како ги изградуваат сопствените теориски постулати, поврзани со теоријата на интертекстуалноста и жанровската критика.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/6694
ISBN: 978-608-203-231-3
Appears in Collections:Faculty of Philology: Journal Articles

Прикажи целосна запис

Page view(s)

45
checked on 8.5.2024

Download(s)

150
checked on 8.5.2024

Google ScholarTM

Проверете


Записите во DSpace се заштитени со авторски права, со сите права задржани, освен ако не е поинаку наведено.