Please use this identifier to cite or link to this item: http://hdl.handle.net/20.500.12188/6694
Title: Дијалошкиот метод на Михаил Михајлович Бахтин и Бахтиновиот кружок
Authors: Искра Тасевска
Keywords: Бахтинов кружок, идеологија, хетероглосија, полифонија, дијалогизам.
Issue Date: 2018
Publisher: Македонска академија на науките и уметностите
Project: Методи на книжевната херменевтика“, МАНУ, 2016-2017.
Journal: Критички методи и толкувања, том 2, прир. Катица Ќулавкова. Поглавје „Структурализам, постструктурализам, наратологија, постколонијализам и деконструктивизам“, 177-197.
Abstract: Во текот на 20-вековните книжевнотеориски струења, дејноста на Бахтиновиот кружок претставува една од доминантните тенденции воопшто. Се смета дека изникнува од постреволуционерните превирања во Русија, кои во голема мера го условуваат истражувањето на социолошките феномени и конфликтноста на различните гласови кои се судираат на општествената сцена. Во таа смисла, важноста на кружокот и неговото дејствување среде постојаните промени е исклучителна, особено поради свежината на презентираните идеи, и покрај тоа што во нив е видливо влијанието на претходните философски и книжевнотеориски тенденции, кои уште еднаш ја потцртуваат доминантната насоченост на теориските претпоставки на кружокот кон непрестајниот и обновувачки дијалог. Во анализата ги имаме предвид најкарактеристичните поими на Бахтиновата парадигма – хетероглосијата, полифонијата, дијалогизмот, хронотопот и карневализацијата, водејќи сметка за автентичната критика на формализмот и изградувањето на социолошката поетика на Медведев и Волошинов, низ чие содејство се градат и развиваат и ставовите на Михаил Бахтин. Јулија Кристева и Цветан Тодоров претставуваат вистински следбеници на дијалошкиот метод на Бахтиновиот кружок, не само во однос на нивното критичко осврнување кон специфичностите на методот, туку и во врска со начинот како ги изградуваат сопствените теориски постулати, поврзани со теоријата на интертекстуалноста и жанровската критика.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/6694
ISBN: 978-608-203-231-3
Appears in Collections:Faculty of Philology: Journal Articles

Show full item record

Page view(s)

45
checked on Apr 26, 2024

Download(s)

150
checked on Apr 26, 2024

Google ScholarTM

Check


Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.