Ве молиме користете го овој идентификатор да го цитирате или поврзете овој запис:
http://hdl.handle.net/20.500.12188/6627
Наслов: | Дали предбрачните заедници го подобруваат бракот? Поглед кон семејната динамика во Mакедонија | Other Titles: | Is Cohabitation Good for Marriage? A Look into Family Dynamics in Macedonia | Authors: | Авировиќ Бундалевска, Ирена | Keywords: | предбрачна заедница, брак, семејство, Македонија. | Issue Date: | 2017 | Publisher: | Универзитет Гоце Делчев, Штип | Source: | Авировиќ, И. (2017). Дали предбрачните заедници го подобруваат бракот? Поглед кон семејната динамика во Mакедонија. Четврта меѓународна научна конференција "Social Change in the Global World", pp. 1099-1113. Штип: Универзитет Гоце Делчев. | Conference: | Fourth International Scientific Conference "Social Change in the Global World" | Abstract: | Во последните години во Македонија сме сведоци на постојаниот пораст на вонбрачните заедници и разводите и истовремено намалување на бројот на склучените бракови. Македонија, како и останатите европски земји, не остана имуна на промените на структурата и динамиката на семејството кои настанаа како резултат на повеќе општествени процеси како глобализацијата, забрзаната урбанизација и индустријализацијата. Денес сè повеќе млади парови во Македонија се одлучуваат за вонбрачна заедница наспроти брак или пак претпочитаат да живеат заедно определен период пред да стапат во брак. Дали предбрачната заедница претставува еден вид тест за бракот? Колку предбрачната заедница може позитивно да влијае на бракот? Дали вонбрачната заедница води кон брак или пак го заменува постепено бракот? Во овој труд ќе се обидеме да ги анализираме горенаведените прашања и да истражиме колкаво е влијанието на предбрачните заедници за успехот на бракот во Македонија. За таа цел, ќе биде спроведено квантитативно истражување на млади брачни парови и парови кои живеат во вонбрачна заедница на возраст од 25 до 45 години. Дополнително, преку анализа на домашни и странски статистички податоци, трудот ќе ја разгледа семејната динамика во Македонија во последните неколку децении и ќе презентира повеќе аспекти на современото македонско семејство. | URI: | http://hdl.handle.net/20.500.12188/6627 | ISBN: | 978-608-244-423-9 |
Appears in Collections: | Faculty of Philosophy 05: Conference papers / Трудови од научни конференции |
Files in This Item:
File | Опис | Size | Format | |
---|---|---|---|---|
Avirovic-Vonbracni zaednici.pdf | 715.6 kB | Adobe PDF | View/Open |
Записите во DSpace се заштитени со авторски права, со сите права задржани, освен ако не е поинаку наведено.