КОИ ФАКТОРИ СЕ ОД КРУЦИЈАЛНО ЗНАЧЕЊЕ ЗА СТУДЕНТИТЕ ПРИ ИЗБОР НА УНИВЕРЗИТЕТ ЗА ПОСЛЕДИПЛОМСКИ СТУДИИ?
Date Issued
2018
Author(s)
Abstract
Целта на овој труд е да се испита кои фактори се од круцијално значење за студентите од четврта студиска година на Економскиот факултет – Скопје, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје при избор на универзитет за последипломски студии во Република Македонија и да се предложи повеќекритериумски модел за донесување на одлука за избор на универзитет во кој овие фактори ќе служат како инпут. Истражувањето е спроведено преку анкетен прашалник во декември 2017 година. Прашалникот е пополнет од 225 испитаници, од кои 172 сакаат да продолжат на последипломски студии. Од овие 172 испитанци, 85 сакаат да продолжат на последипломски студии во Република Македонија, а 87 во странство. Во трудот се анализирани одговорите од испитаниците кои сакаат да продолжат на последипломски студии во Република Македонија. Врз основа на добиените одговори, најчесто наведени фактори се: студиска програма, квалитетен академски кадар, поврзаност на предметите со практиката, цена на чинење, ранг, признаен универзитет надвор од Република Македонија, државен универзитет, стекнување на ново знаење и организираност на настава. Овие фактори се критериуми во предложениот повеќекритериумски модел, чие решение ќе им служи на доносителите на одлука како препорака при избор на најдобар универзитет. За Економскиот факултет – Скопје, идентификуваните фактори се основа за натамошно подобрување и промоција на последипломските студии.
Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
Godisnik 2018 final-621-638.pdf
Size
3.99 MB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):c7dd35b768a39b36e1d833a656353b70
