Now showing 1 - 2 of 2
  • Some of the metrics are blocked by your 
    Item type:Publication,
  • Some of the metrics are blocked by your 
    Item type:Publication,
    МИНИМАЛНАТА ПЛАТА И ГРАНИЦИТЕ НА СОЛИДАРНОСТА ВО ЕВРОПА
    (Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Правен факултет „Јустинијан Први“, 2025-01-23)
    ;
    Без оглед на идеолошките позиции и теоретската провениенција, се чини дека минималната плата во Европа претставува една од цивилизациските придобивки, длабоко вткаени во европското работно законодавство. Нормирањето на минималната плата во Европа, и особено во Европската Унија, е плод на респектабилната синдикална организираност, како и триумф на принципот на солидарноста и на преовладувачкиот став за оправданоста на државната интервенција на пазарот на работна сила. Покрај економските импликации, нормирањето на минималната плата е под силно влијание и на политичките консидерации во амбиент на изразена доходна нееднаквост, турбулентни демографски и миграциски трендови и анемичен економски раст во Европа. Денес, сите држави членки на ЕУ имаат нормирано модел на минимална плата. Оттука вистинското прашање во Европа не е минимална плата или не, туку колкава минимална плата. Основната цел на трудот е да направи економска и правна анализа на нормирањето на минималната плата, преку проучување на различните нормативни модели во Европа и на посебностите за земјите на различно ниво на економски развој. Специфични истражувачки цели на трудот се: (1) да понуди приказ на различните модели и нормативни решенија во уредувањето на минималната плата во ЕУ и Западен Балкан; (2) да ги процени главните макроекономски предизвици и импликации од различните модели на правно уредување на минималната плата и (3) да понуди препораки за креа- торите на економските политики и на работното законодавство.