Ве молиме користете го овој идентификатор да го цитирате или поврзете овој запис: http://hdl.handle.net/20.500.12188/34728
Наслов: Интелигентни транспортни системи за зголемена безбедност на патиштата во Република Македонија
Authors: Дејан Шишковски
Марија Ѓошева Крстески
Keywords: ADAS, C-ITS, CAM/DENM, RSU, V2X
Issue Date: ное-2025
Publisher: Macedonian Association of Road Engineers
Conference: Third Macedonian Road Congress 2025
Abstract: Современите предизвици во патниот сообраќај и растечката потреба од зголемена безбедност, ефикасност и дигитална поврзаност ја позиционираат примената на интелигентни транспортни системи (ИТС) како клучна алатка во модерното управување со транспортната инфраструктура. Целта на овој труд е да ги истражи можностите и предизвиците за нивна имплементација во Република Македонија, со фокус на зголемување на безбедноста и подготовка за идни технолошки решенија. Методологијата се заснова на анализа на современите ИТС технологии и напредните системи за асистенција на возачот (ADAS), нивната интеграција преку кооперативни пораки (CAM и DENM), како и улогата на RSU единиците во C-ITS инфраструктурата. Преку компаративна анализа со европските практики се идентификувани институционалните, технолошките и регулаторните празнини, а се предлагаат пилот-проекти за нивно постепено унапредување, имплементација и подобрување на ИТС решенијата во насока на надминување на постојните празнини и усогласување со современите европски стандарди. Резултатите укажуваат дека ваквите иницијативи, во комбинација со континуирано унапредување и одржување на инфраструктурата, можат значително да придонесат за повисоко ниво на безбедност, поинтегриран транспортен систем и поголема подготвеност за интеграција на идни интелигентни технологии
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/34728
Appears in Collections:Faculty of Mechanical Engineering: Conference papers

Прикажи целосна запис

Google ScholarTM

Проверете


Записите во DSpace се заштитени со авторски права, со сите права задржани, освен ако не е поинаку наведено.