Ве молиме користете го овој идентификатор да го цитирате или поврзете овој запис: http://hdl.handle.net/20.500.12188/34650
Наслов: РЕФРАКТИВНИ ГРЕШКИ КАЈ ДЕЦАТА ОД УЧИЛИШНА ВОЗРАСТ: ПРЕГЛЕД НА ЛИТЕРАТУРА
Authors: Ермира Татеши, Беким Татеши, Даниела Димитрова-Радојичиќ
Issue Date: 2024
Publisher: Medicus
Source: Татеши, Е.; Татеши, Б.; Димитрова-Радојичиќ, Д. (20124). Рефрактивни грешки кај децата од училишна возраст: Преглед на литература. Medicus 2024, Vol. 29 (1): 76-80
Journal: Medicus
Abstract: На глобално ниво, се проценува дека има 36 милиони луѓе кои се слепи, 216,6 милиони со умерено до тешко оштетување на видот и 188,5 милиони имаат мало оштетување на видот. Една од најчестите причини за оштетување на видот е некорегираната рефрактивна грешка. Истражувањата покажуваат дека приближно 2,3 милијарди луѓе во светот имаат рефрактивно оштетување, но само 1,8 милијарди луѓе имаат пристап до офталмолошки преглед и ефективен третман. Со цел да се анализира застапеноста на рефрактивните грешки кај децата на училишна возраст, во ова истражување беа формулирани следните истражувачки прашања: Каква е застапеноста на рефрактивните грешки, кои рефрактивни грешки се најзастапени и дали постои семејна историја кај децата со рефрактивни грешки? Рефрактивната грешка е важна причина за оштетување на видот и слепило ширум светот што може да се спречи. Во моментов, преваленцијата на миопија го привлекува светско внимание бидејќи многу студии известуваат за драматично зголемување во последните 20 години. Раното откривање и лекување на рефрактивните грешки е важно за да се спречи трајно оштетување на видот кај децата. Дијагнозата и третманот на овие грешки е релативно едноставна и е еден од најлесните начини за намалување на оштетениот вид.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/34650
Appears in Collections:Faculty of Philosophy 04: Journal Articles / Статии во научни списанија

Прикажи целосна запис

Google ScholarTM

Проверете


Записите во DSpace се заштитени со авторски права, со сите права задржани, освен ако не е поинаку наведено.