Ве молиме користете го овој идентификатор да го цитирате или поврзете овој запис: http://hdl.handle.net/20.500.12188/34332
Наслов: ВЛИЈАНИЕТО НА СЕМЕЈНАТА СРЕДИНА ВРЗ ИСХРАНАТА, НАВИКИТЕ ЗА ЗДРАВ ЖИВОТЕН СТИЛ И ДЕБЕЛИНА КАЈ ДЕЦАТА
Other Titles: Influence of the family environment on children’s nutrition, lifestyle and obesity
Authors: Stamenova, Aleksandra 
Keywords: детска дебелина
BMI/A
семејна средина
социоекономски статус (СЕС)
животен стил
Issue Date: окт-2025
Abstract: Вовед: На глобално ниво, стапката на преваленција од зголемена телесна тежина и дебелина кај деца и адолесценти се зголемува. Превенцијата и контрола на детската дебелина е значаен предизвик во јавното здравје поради интеракција на многу фактори и влијанија. Затоа, разбирањето на комплексното влијание на семејната средина е значаен чекор. Цели на дисертацијата: главна цел беше да се истражи улогата на социоекономскиот статус (СЕС) на семејството во однос на преваленцијата на зголемена телесна тежина и дебелина кај децата, како и во однос на навиките за исхрана, физичка активност, спиење и животниот стил поврзан со развојот на дебелина. Методи: Студија на пресек беше спроведена од октомври до декември 2022 година низ основните училишта (бр.=111) во С. Македонија. Податоците беа собрани на национално репрезентативен примерок на деца, ученици во второ одделение и нивните родител(и)/старател(и), учесници во СЗО-Европската иницијатива за следење на дебелината (COSI) во Северна Македонија. Објективно телесната висина и тежина на секое дете беа измерени со користење на антропометриски стандардизирани процедури. Стапките на зголемена телесна тежина и дебелина беа пресметани врз основа на СЗО референтите вредности за раст од 2007 година. Податоците во однос на: а) социодемографските и социоекономските карактеристики на семејството; б) однесувањата на децата во однос на исхраната, физичката активност, седентарното однесување и навиките за спиење; в) перцепциите на родителите за нутритивниот статус на нивните деца; и г) антропометриските параметри за родителите беа добиени од прашалникот за семејство пополнет од страна на родител(и)/старател(и). Според претходна COSI методологија, одговорите за трите СЕС индикатори (степен на образование, работен статус и перцепции за економската благосостојба) беа категоризирани во нивоа на СЕС за анализа на податоците. Беше креиран индекс на активности поврзани со времето (time-use activity index) кој ги сумира ризичните однесувања во однос на физичката активност, седентарното однесување, навиките за спиење и проценка на ризикот за развој на дебелина. Pearson χ2 тест коригиран по Rao-Scott методот беше употребен за тестирање на разликите во дистрибуција по подгрупи на деца. Проценките за главните индикатори поврзани со дебелина кај децата по пол и семејниот социоекономски статус се прикажани со 95% интервал или коефициент на доверба (CI). Точноста на перцепциите на родителите и објективно проценет нутритивен статус на децата беше проценета со прилагоден Wald χ2 тест (adjusted Wald). Мултиваријантна анализа на логистичка регресија (multivariate logistic regression analyses) беше користена за проценка на веројатноста, odds ratios - ORs, пресметани на 95% CI, за тестирање на асоцијацијата помеѓу индексот на активност и BMI/A Z-скор категориите. Статистичката значајност беше одредена на p <0,05 априори. Резултати: Примерокот за анализа се состоеше од 2683 деца, од 6-9 годишна возраст, од кои најголем процент беа на 7-годишна возраст (83,4%). Над 90 % од децата (97,3 %) и нивните родители/старатели (мајка—96,2 %; татко—97,6 %) биле родени во Македонија, живееле во урбани средини (66,9 %), во семејства со двајца родители/старатели (84,9 %), и зборувале дома на македонски јазик (59,8 %). Поголемиот број на деца живеат во семејства со низок до среден социоекономски статус (СЕС). Преваленцата на зголемена телесна тежина беше 30,5 % [95 % CI: 28,5-32,7], додека на дебелина 14,1 % [95 % CI: 12,3-16,0], значајно повеќе момчиња живееле со зголемена телесна тежина (34,2 % наспрема 26,9 %, p=0,0010) и дебелина (16,4 % наспрема 11,6 %, p=0,0016), отколку девојчиња во С. Македонија. Во резултатите се следи слабо позитивна линеарна корелација (r=.183, p<0,001, односно ρ=.125, p<0,001) помеѓу BMI на мајката и BMI/A на децата. Родителите значително го потцениле нутритивниот статус на нивните деца, особено помеѓу децата кои имаат зголемена телесна тежина и/или дебелина, кои биле детерминирани од полот на детето. Значајни разлики помеѓу индикаторите на семејниот СЕС и преваленцијата на зголемена телесна тежина и дебелина не беа забележани. Но, се следат разлики помеѓу СЕС и животниот стил на децата. Високиот СЕС на семејството (високо ниво за сите три индикатори) беше предиктивен фактор за дневна консумација на појадок кај децата, и преваленцијата на спортување/танцување повеќе од два часа неделно. Ниското ниво на СЕС на семејството беше значајно поврзан со преваленцијата на консумација на безалкохолни пијалаци богати со шеќер повеќе од три пати неделно и користењето на активен транспорт (пр. пешачење) до и од училиште помеѓу децата. Дополнително, значајно повеќе деца чии родители се родени во странство практикуваат активен транспорт до и од училиште, споредбено со децата на нативни родители (родени во Македонија). Структурата, бројот на членови во семејството, е значаен фактор, односно децата кои што живеат со двајца родители значајно почесто консумирале свежо овошје и зеленчук секој ден. Децата кои недоволно спиеле, помалку од 9 часа/вечер имаат зголемен ризик за развој зголемена телесна тежина и дебелина (OR: 1,62; 95 % CI: 1,18 – 2,22), седентарниот начин на живот, дефиниран како повеќе од два часа дневно време поминато во читање на книги/пишување на домашна задача (OR: ,.42; 95 % CI:1,10-1,82) и повеќе од два часа време поминато пред екрани дневно (OR:1,32; 95 % CI: 1,03-1,70) е асоциран со развој на дебелина. Ризикот за развој на дебелина двојно се зголемува со кумулативното влијание на повеќе од 5 ризични однесувања (OR: 2,52; 95 % CI: 1,19-5,36). Заклучок: Резултатите од дисертацијата придонесуваат кон подобро разбирање на социоекономските карактеристики на семејството и нивното влијание во развој на зголемена телесна тежина и дебелина кај децата. Ова е прва студија која ја истражува семејната средина на национално репрезентативен примерок на деца на рана училишна возраст, кое ја нагласува важноста и потребата за дизајнирање на стратегии за превенција и контрола на детската дебелина, интервенции кои се фокусирани на семејството, културно-сензитивни и прилагодени на локалниот контекст.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/34332
Appears in Collections:UKIM 02: Dissertations from the Doctoral School / Дисертации од Докторската школа

Прикажи целосна запис

Google ScholarTM

Проверете


Записите во DSpace се заштитени со авторски права, со сите права задржани, освен ако не е поинаку наведено.