Please use this identifier to cite or link to this item: http://hdl.handle.net/20.500.12188/31801
Title: Анализа на состојбата со правата на лицата со попреченост во Република Северна Македонија - 2021
Authors: Кочоска, Елена
Јовановска, Бојана
Ортаковски, Томислав
Станојковска Трајковска, Наташа 
Георгиевска, Софија 
Keywords: Лица со попреченост, Конвенција за правата на лицата со попреченост на Обединетите Нации (КПЛП), ситуациона анализа
Issue Date: 2022
Publisher: Обединети Нации
Abstract: Република Северна Македонија ја ратифику- ваше Конвенцијата на Обединетите нации за правата на лицата со попреченост (ОН КПЛП) во 2011 година. Во следниот период, правата на ли- цата со попреченост беа унапредени како резултат на тековните реформи во областа на социјалната заштита и образованието, и развојните случувања поврзани со недискриминацијата, инклузивните услуги за вработување, деинституционализацијата, пристапот до услуги за сексуално и репродуктивно здравје, превенцијата на родово-базираното на- силство и промоција на родова еднаквост. Поли- тичката волја за да се обезбеди активно учество на лицата со попреченост е очигледна и истата е от- сликана во законската рамка. Со Законот за социјална заштита од 2019 година се унапредува принципот за еднаков третман и не- дискриминација во остварувањето на правата од социјална заштита, коишто се засноваат на еднаков и правичен третман, вклучително и препознавање на попреченоста како основ за дискриминација. Новиот Закон за социјална заштита и обемното ревидирање на Законот за детска заштита го прес- труктурираа и го консолидираа системот за парич- на помош, помеѓу другото, со цел да се обезбеди зголемен опфат и соодветност. Со реформата се во- ведоа и нови услуги за социјална поддршка и гри- жа за лицата со попреченост и нивните негуватели. Со преземените реформи во образованието држа- вата настојува сите деца со попреченост да се вклу- чат во редовното основно образование. Државата обезбеди и финансиски средства за ангажирање на 500 образовни асистенти за децата и младите со попреченост, преку основните училишта со ресур- сен центар. Од неодамна започна успешно да се спроведува системот на проценка по Меѓународната класифи- кација на функционирање (МКФ) за деца и млади до 26 години, во четири од осум плански региони. Меѓутоа, преминот кон проценка според МКФ, што претставува и единствена влезна точка во системот за парична помош, не може да се комплетира до- дека не се воспостават телата за проценка во сите региони. Процесот на деинституционализација е во тек, иако не е во согласност со член 19 од КСЗД. Процесот беше завршен за децата, со тоа што не се оставија деца во големите институции во земјава. Децата без родителска грижа се или во згрижу- вачки семејства или во мали групни домови. Но, во институциите сè уште има лица со попреченост над 18-годишна возраст. Општо земено, процесот на деинституционализација треба да отстапи од крајната цел затворање на големите институции и да се движи кон обезбедување пристапно и при- фатливо домување, современи технички помагала, лични асистенти и поддршка од врсниците, со што ќе се подобри самодовербата на лицата со попре- ченост и нивниот капацитет целосно да се вклучат во општеството. Со оглед на претходниот развој и достигнувања, оваа Анализа на состојбите, низ призмата на КСЗД утврди седум главни тесни грла и предизвици при остварувањето на основните човекови права на ли- цата со попреченост, и при реализацијата на основ- ните предуслови за инклузија на попреченоста во општеството.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/31801
Appears in Collections:Faculty of Philosophy 02: Monographs / Монографии

Files in This Item:
File SizeFormat 
mkd-unprpd-sitan-mk-2022.pdf1.66 MBAdobe PDFView/Open
Show full item record

Google ScholarTM

Check


Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.