Please use this identifier to cite or link to this item: http://hdl.handle.net/20.500.12188/30813
Title: Местото и улогата на жената во Црквата и општеството (Православна перспектива) втор дел
Authors: Aneta Jovkovska
Issue Date: 2022
Publisher: Православен богословски факултет „Свети Климент Охридски“ - Скопје
Source: Јовковска Анета, „Местото и улогата на жената во Црквата и општеството (Православна перспектива) втор дел“, Годишен зборник, Книга 28, Православен богословски факултет „Свети Климент Охридски“ - Скопје, Скопје, 2022, (61-74).
Journal: Годишен зборник, Книга 28
Series/Report no.: ISSN 1409-5483;305-055.2:271.2
Abstract: Православното сфаќање за жената се заснова на Божественото откровение и не е препуштено само на ограничениот разум, колку и да е тој драгоцен. Според тоа, православието ги нагласува следниве обележја како суштински за разбирањето на призивот на жената: на прво место, Бог, како создател на човекот, е подеднакво Творец и на мажот и на жената. Ова догматско учење уште повеќе е потврдено со нашето сознание дека Христос дојде да ги спаси и мажите и жените и да ја врати заедницата со Бога. Подеднакво вредно за Православната црква е учењето изразено во Светото писмо и Преданието дека постои разлика помеѓу машкиот и женскиот пол, која е присутна од самиот чин на создавањето на човекот. Оваа разлика не подразбира некаков вид подреденост на жената во однос на мажот. Напротив, таа разлика ја востановил самиот Бог како дел од Неговиот Божествен план. Библискиот опис за создавањето во Битие 1, 26-28, како и познатата Павлова мисла од Гал. 3, 28, укажуваат на целосна еднаквост на мажите и жените во однос на статусот, вредноста и достоинството. Дополнителните улоги во бракот и црковното раководство не се сметаат дека се во спротивставеност по однос на овој принцип на онтолошка еднаквост.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/30813
Appears in Collections:Faculty of Theology: Journal Articles

Show full item record

Page view(s)

14
checked on Jul 25, 2024

Google ScholarTM

Check


Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.