Ве молиме користете го овој идентификатор да го цитирате или поврзете овој запис: http://hdl.handle.net/20.500.12188/30549
Наслов: Употреба на еврожаргонот во македонскиот јазик
Authors: Саздовска Пигуловска, Милена
Keywords: стручна лексика, еврожаргон, терминологија на ЕУ, евроговор
Issue Date: 2022
Publisher: Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје
Source: Саздовска Пигуловска, Милена. (2022). Употреба на еврожаргонот во македонскиот јазик. Во зборник од 48 меѓународна научна конференција на 54 летна школа на меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура во Охрид, стр. 367-386, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, УДК 811.163.3'373.46:[81'27:061.1EU
Conference: XLVIII Меѓународна научна конференција на LIV Летна школа на Mеѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура : Охрид
Abstract: Со оглед на евроинтегративните процеси коишто се започнати од Република Северна Македонија уште пред две децении, а коишто значително ќе се интензивираат во следните неколку години, во македонските медиуми и институции е сè поприсутна употребата на еврожаргонот. Еврожаргонот ја претставува терминологијата карактеристична за Европската Унија (ЕУ) и претставува специјална лексика со ограничена употреба во институциите на ЕУ, вклучително и во европските медиуми со цел информирање на пошироката јавност за случувањата во европско тло. Пристапувањето кон ЕУ наложува значајни промени од државите пристапнички во текот на определен временски период, не само од политички, економски и институционален аспект, туку и од јазичен аспект. Имено, јазичниот критериум за членство во ЕУ подразбира преведување на европското законодавство на националниот јазик на државата пристапничка со цел подготовка на националната верзија на т.н. acquis communautaire. Тоа го претставува идното законодавство на државата пристапничка во ЕУ, коешто ќе треба да биде разбирливо и за обичните граѓани. Како резултат на овој процес, специфичната терминологија на ЕУ (т.н. еврожаргон) уште одамна навлегува во македонскиот јазик, а особено во процесот на транспонирање на европското законодавство во македонското законодавство.
Опис: COBISS.MK-ID 57618181
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/30549
ISBN: 978-9989-43-474-7
Appears in Collections:Faculty of Philology: Conference papers

Прикажи целосна запис

Page view(s)

46
checked on 3.5.2025

Download(s)

20
checked on 3.5.2025

Google ScholarTM

Проверете


Записите во DSpace се заштитени со авторски права, со сите права задржани, освен ако не е поинаку наведено.