Ве молиме користете го овој идентификатор да го цитирате или поврзете овој запис: http://hdl.handle.net/20.500.12188/30252
Наслов: Визија, трансформација: утопии, дистопии и други замислени светови
Authors: Малеска, Калина
Keywords: утопии, дистопии, англиска книжевност, македонска книжевност
Issue Date: ное-2023
Publisher: Универзитет Св. Кирил и Методиј во Скопје, Филолошки факултет „Блаже Конески“ - Скопје
Abstract: Оваа книга се занимава со анализа на замислени светови, со утописки или дистописки елементи, во неколку литературни дела. Поделена е на три главни целини. Првата истражува книжевни утопии и дистопии во потесната смисла на зборот, како претставување замислени општества кои во дел од политичкото уредување се поинакви од реалноста на авторите. Овој дел почнува со преглед на развојот на утопискиот жанр, кој покажува голема виталност и флексибилност, и кој покажува дека визиите за подобрување на животот се сè уште можни, а продолжува со детални анализи на неколку дистописки дела. Втората целина се состои од неколку текстови за серијата Игра на тронови (и, делумно, серијата книги Песна за мразот и огнот), како замислен алтернативен свет кој одбива да ги дехуманизира своите ликови, ги прекршува и надминува наративните, идеолошките и другите конвенции на жанрот фантастика, ги поддржува општествените промени што носат поголема интегрираност, никогаш не запаѓајќи во носталгија или идеализирање. Третата целина вклучува текстови кои преку пристапот на обработка или преку содржината на анализираните книжевни дела се занимаваат со алтернативна интерпретација на некои нивни аспекти.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/30252
Appears in Collections:Faculty of Philology: Books

Files in This Item:
File Опис SizeFormat 
Vizija transformacija - Draft 5 - A5.pdf1.19 MBAdobe PDFView/Open
Прикажи целосна запис

Page view(s)

31
checked on 3.5.2025

Download(s)

13
checked on 3.5.2025

Google ScholarTM

Проверете


Записите во DSpace се заштитени со авторски права, со сите права задржани, освен ако не е поинаку наведено.