Ве молиме користете го овој идентификатор да го цитирате или поврзете овој запис: http://hdl.handle.net/20.500.12188/28715
Наслов: Нови аспекти на толкување на интермедијалноста
Authors: Натали Рајчиновска Павлеска
Keywords: интермедијалност, филм, театар, настан, репрезентација, ремедијација
Issue Date: 22-јун-2021
Publisher: JOURNAL OF CONTEMPORARY PHILOLOGY
Series/Report no.: Vol 4 No 1;
Abstract: Предмет на анализа во оваа студија е преисчитувањето на медиумските конвергенции што се појавуваат во 1960-тите години од XX век, прикажа-но преку делото Prune. Flat. (1965) на уметникот Роберт Витман. Интерме-дијалноста, карактеристична за ова дело, e резултат на истовременото из-ведување перформанс и филмска проекција, кои во процесот на совпаѓање и на јукстапонирање создаваат медиумски специфичности, кои иманентно им припаѓаат на одвоени дисциплини. Нивното спојување генерира, според Р. Констеланец, медиум на проширен театар, а преисчитувањето има цел да покаже дека проширувањето се случува како дијалог меѓу различните дисциплини во нова уметничка форма, настанот, и како такво е проширу-вање не само на театарот туку и на филмот. Студијата има цел да покаже дека станува збор за суштински дијалектички принцип на обликување и на структурирање, преку примената на поимите коприсуство, прекинувачки механизам, монтажа, според Б. Брехт. Соодносот меѓу медиумските арти-кулации ги изложува границите на поетската одредливост и онтолошката валентност, го одредува авторскиот глас и гледната точка (М. Бал), поставу-вајќи го конфликтот меѓу структурните елементи на концептуално рам-ниште (С. Ејзенштајн). Студијата поминува низ генеалогијата на процесот на структурирање на делото, опфаќајќи референцијален ризом меѓу поет-скиот чин како чин на отпорот (според Џ. Агамбен) и различни теориски вкрстувања, кои низ дедуктивен пристап ја преиспитуваат ремедијацијата, како формулација на нова естетска материјалност.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/28715
DOI: https://doi.org/10.37834/JCP2141
Appears in Collections:Faculty of Fine Arts: Journal Articles

Прикажи целосна запис

Page view(s)

72
checked on 25.7.2024

Download(s)

15
checked on 25.7.2024

Google ScholarTM

Проверете

Altmetric


Записите во DSpace се заштитени со авторски права, со сите права задржани, освен ако не е поинаку наведено.