Please use this identifier to cite or link to this item: http://hdl.handle.net/20.500.12188/27375
Title: Квалитетот на живот на населението во Република Северна Македонија во време на Covid-19 пандемијата
Authors: Владимир Петковски, Искра Станчева-Гигов
Issue Date: 2022
Publisher: Економски институт – Скопје, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
Project: Квалитетот на живот на населението во Република Северна Македонија во време на Covid-19 пандемијата мерен преку индикаторите за квалитет на живот
Abstract: Во последните децении сведоци сме на промените за тоа како треба да се мери квалитетот на животот на населението во една земја. Мерењата за квалитетот на животот не можат да бидат само канонски приказ на економскиот развој на државите и населението во нив. Тие, всушност треба да ја опфатат севкупноста на животот, поточно објективната и субјективната перцепција на поединецот за квалитетот на живот. Економската мерка на БДП за мерење на квалитетот на животот не може да ги задоволи димензиите и ширината на поимот на квалитет на живот, па поради тоа се преминува кон посеопсежен опфат на индикатори, кога станува збор за мерење на квалитетот на животот на граѓаните на една земја. Огромните разлики помеѓу богатството на државите и благосостојбата на нивните граѓани, големата сегрегација во социјалниот и општествениот живот на луѓето, како и создавањето поголем јаз во приходите помеѓу богатите и сиромашните, ја наметнува потребата за користење на повеќе од само економско-финансиски показатели за дескрипција на квалитетот на живот. Квалитетот на животот е широк концепт кој опфаќа низа различни димензии и дополнително е потребно да се рефлектираат и перцепциите на поединците, односно нивната сопствена проценка на различните аспекти на животот и целокупниот квалитет на живот. Овој тип на податоци може да се добијат само преку примарно истражување. Оттука, произлегува и предметот на истражување на овој проект, поточно согледување на квалитетот на живот во Република Северна Македонија, преку индикаторите за квалитет на живот, со посебен осврт кон животот за време на пандемијата предизвикана од вирусот Covid-19. Конкретно, целта на проектот е да се идентификуваат постојните состојби на повеќе индикатори за квалитет на живот кои ја отсликуваат состојбата во Република Северна Македонија. Оваа монографија дава подетална слика за квалитетот на животот на населението во Република Северна Македонија преку следниве 8 + 1 димензии, како главна рамка за мерење на благосостојбата и квалитетот на живот на населението, утврдени од Еуростат и тоа: Материјални услови за живот; Продуктивна или главна активност; Здравје; Образование; Слободно време; Економска безбедност и физичка безбедност; Владеење и основни права; Природна и животна средина и Севкупно искуство за животот. Последната димензија воедно предвидува и примарно истражување за обезбедување на релевантни податоци за споредба и анализа на квалитетот на живот на населението во Република Северна Македонија, а со тоа и давање на насоки и можности за негово подобрување . Добиените резултати покажуваат помала перцепција, како субјективна, така и објективна за квалитетот на живот во државата. Република Северна Македонија заостанува зад квалитетот на живот во другите европски земји. Во одредени индикатори разликите во квалитетот на живот и не се така воочливи, но во повеќето се значително полоши. Општо земено, перцепциите на поединците, односно нивната сопствена проценка за различните аспекти на животот и севкупниот квалитет на животот се оценуваат на просечно и често на под просечно ниво. Со појавата на пандемијата, се јавува тенденција за нивно натамошно влошување или евентуално одржување на исто ниво. Областите каде што состојбата се подобрува се ретки, односно непостоечки. Сето ова укажува на потребата од социо-економски промени и воведување на конкретни мерки за подобрување на околностите и севкупните услови за живот на населението. Оттука, во иднина ќе мора да се посвети повеќе внимание на создавање на поквалитетен живот за населението во државата, доколку сакаме да имаме здрав и прогресивен развој во годините кои следат.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/27375
ISBN: 978-608-4519-26-3
Appears in Collections:Institute of Economics: Books

Show full item record

Page view(s)

52
checked on Apr 29, 2024

Google ScholarTM

Check


Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.