НОКТИТЕ НА LINDSAY И НОКТИТЕ НА TERRY КАЈ ПАЦИЕНТИ СО ХРОНИЧНА БУБРЕЖНА БОЛЕСТ СТАДИУМ 5 НА ХЕМОДИЈАЛИЗА – СЕРИЈА НА СЛУЧАИ
Date Issued
2022
Author(s)
Митрова Телента, Јулија
Филиповиќ, Дејан
Abstract
Цел: Да се идентификуваат половина-и-половина но-
ктите или уште наречени ноктите на Lindsay и ноктите на
Terry кај пациентите со хронична бубрежна болест (ХББ)
на хемодијализа (ХД) и да се утврдат заедничките анам-
нестички, клинички и/или лабораториски параметри кои
би помогнале во расветлување на етиопатогенезата на
оваа ноктена патологија.
Материјали и методи: 20 пациенти со ХББ стадиум
5 на хроничен хемодијализен програм беа вклучени во
студијата. Дерматолошкиот преглед се одвиваше за време
на дијализната сесија. Критериуми за дијагноза на поло-
вина-и-половина нокти беа присуство на јасна граница
помеѓу проксималниот и дисталниот дел од ноктеното
лежиште, дисколорација на дисталниот дел со црвено/
розеникавo-кафеава пребоеност со афекција на 20-60%
од целата должина на ноктеното лежиште и проксимален
дел со белузлава пребоеност, налик на заматено стакло.
При притисок на ноктот, дисколорацијата на дисталниот
дел од ноктеното лежиште не бледее во целост. Ноктите
на Terry се идентификуваа со наод на 0.5-3.0 мм широка
дистална трака/лента, розево-кафеавкасто пребоена, со
проксимален дел на ноктеното лежиште кој е белузлав и
зафаќа 80% од целото ноктено лежиште. За секој пациент
се нотираа податоците за демографските карактеристики
(возраст и пол), за историјата на болеста (дијагноза на
бубрежното заболување, стандардната терапија, време-
траење на ХД) и за лабораториските вредности од меди-
цинските истории [хемоглобин, феритин, калциум, фос-
фор, албумини, креатинин, уреа и паратхормонот (PTH)].
Резултати: Кај 6/20 пациенти (30%), сите од машки
пол, се дијагностицираа промени на ноктите од типот
половина-и-половина нокти и ноктите на Terry. Кај 5 па-
циенти се дијагностицираа половина-и-половина нокти
(25%), а само кај 1 пациент се дијагностицираа ноктитена Terry (5%). Сите пациенти имаа анемија без сидеропе-
нија, покачени вредности на уреа и креатинин и покачени
вредности на паратхормонот (PHT) ( >190 pg/L, ранг 190.3
pg/L -387.5 pg/L).
Заклучок: По пребарување на релевантната литера-
тура (MEDLINE, PubMed), утврдивме дека ова е прва сту-
дија во која се доведуваат во врска покачените вредности
на РТН и промени на ноктите од типот половина-и-по-
ловина нокти и нокти на Terry кај пациентите со ХББ на
ХД. Секундарниот хиперпаратироидизам е основа да се
постави хипотезата дека РТН со своето вазорелаксирачко
и вазодилататорно дејство е одговорен за присуство на
дилатиран венски плексус во ноктеното лежиште и црве-
но-кафеавото пребојување на дисталниот дел од ноктот,
додека белата боја на проксималниот дел од ноктите се
должи на анемијата и депозитите на калциум во зидот
на крвните садови.

File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
ZBORNIK - VII kongres - Ohrid, 2022.pdf
Description
НОКТИТЕ НА LINDSAY И НОКТИТЕ НА TERRY КАЈ ПАЦИЕНТИ СО ХРОНИЧНА БУБРЕЖНА БОЛЕСТ СТАДИУМ 5 НА ХЕМОДИЈАЛИЗА – СЕРИЈА НА СЛУЧАИ
Size
2.26 MB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):47101bed577d237337f0c58af10ae1f3