Epidemiological Characteristics of Great Depression diseases of hospitalized patients in psychiatric hospital Skopje for a five year period from 2013 to 2017
Journal
Journal of health, medicine and nursing
Date Issued
2021
Author(s)
Iliev, Biljana
Abstract
Депресијата е честа и истоштувачка болест која ги погодува луѓето од адолесценцијата до староста и има изразено негативно влијание на менталното и физичкото здравје, како и врз социјалната и финансиската благосостојба на поединецот и општеството. Депресијата често е недоволно дијагностицирана, недоволно лечена и поврзана со негативен исход. Познавањето на епидемиолошките карактеристики на депресијата е од големо значење за планирањето на соодветниот третман на депресијата, нејзино навремено откривање и лекување со цел намалување на далекусежните последици на индивидуален и општествен план.
Со оглед дека во нашата земја недостасуваат епидемиолошки податоци за депресијата истражувањето ја испитува болничката преваленца на депресијата во трите психијатриски болници во Македонија, социодемографските карактеристики во однос на половите специфики на заболените, како и должината и зачестеноста на хоспитализациите, суицидалноста и коморбидитетот во однос на половите специфики.
Податоците се собрани од историите на болест на болнички лекуваните депресии во трите болници во периодот 2014-2017 год со дијагноза депресија (Ф32.0 - Ф32.3) исклучувајќи ги оние со биполарно нарушување.
Резултатите упатуваат на ненавремност во дијагностицирањето, касен почеток на лекувањето кој доминантно се сведува на хоспитален третман без пред и постхоспитално следење на пациентите со депресија.
Ваквите наоди ја нагласуваат потребата од неопходност од справување со стигмата која депресијата ја носи со себе и развивање на сеопфатен систем за рано дијагностицицирање, третман и следење на ова растројство особено во однос на половите специфики.

File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
epidemioloski karakteristiki major depresija.doc
Size
367 KB
Format
Microsoft Word
Checksum
(MD5):8ded4ca2577a13edd3840f1ac426209d