Предуслови за појавата на експресионизмот во германскојазичната поезија
Journal
Journal of Contemporary Philology (JCP) Современа филологија
Date Issued
2023-06-19
Author(s)
Gjorgjieva, Marijana
DOI
https://doi.org/10.37834/JCP2361089gj
Abstract
Трудот се занимава со истражување на предусловите за појава на експресионистичката епоха во германскојазичната поезија и со нејзините основни тенденции. Како период во кој е присутна силна критика на културата и на цивилизацијата и во кој субјектот доживува криза на идентитетот, во експресионизмот се испреплетуваат противречни аспекти. Се евидентира распаѓање на вредностите и на човековото Јас, како и потребата за внатрешна преобразба на човекот. Целта на овој труд е да се утврдат аспектите на влијанието на филозофската теорија на Фридрих Ниче врз духовната клима на експресионизмот. Се истражува неговата концепција за нихилизмот и учењето за натчовекот, како и христијанското учење за преобразбата и создавањето на новиот човек. Импликациите на овие концепти се согледуваат во изборот на стихови од Алберт Еренштајн, Курт Хајнике, Валтер Хазенклевер и Алфред Волфенштајн, поместени во антологијата на експресионистичката лирика Зазорување на човештвото.
Subjects
