Please use this identifier to cite or link to this item: http://hdl.handle.net/20.500.12188/26710
Title: Естетска блефаропластика на очни капаци-компликации и менаџмент
Authors: Ставрич Дејан
Богданова Ирина
Николовска Билјана
Исјановски Игор 
Арнаудовски Златко
Keywords: блефаропластика
очни капаци
компликација
менаџмент
Issue Date: 2009
Journal: Зборник на резимеа
Conference: II Македонски конгрес на офталмолозите со меѓународно учество
Abstract: Вовед: Естетската блефаропластика спага во редот на поедноставните процедури во окулопластичната хирургија. Сепак, поради екстензивноста на површината која се обработува, а со тоа и на ткиво кое постоперативно зацелува, не се ретки интра и постоперативните компликации. Цел: Целта на овој труд е да се прикажат најчестите компликации при естеската блефаропластика и решенијата за истите. Материјал и Методи: Направена е ретроспективна анализа на 20 пациенти оперирани на Клиниката за очни болести во Скопе, на возраст од 25 до 62 годишна возраст, од еден хирург. Кај сите пациенти беше спроведена естетска блефаропластика на сите 4 очни капаци, во локална анестезија, како дневна хирургија. Компликациите ги поде-ливме во 2 подгрупи: компликации кај кои не беше потребна ревизија и компликации кај кои беше потребна ревизиона хируршка процедура. Во првата подгрупа кај 2 па- циенти се јави ексцесивен постоперативен едем, 3 пациенти се жалеа на ексцесивна постоперативна болка. Кај сите пациенти од оваа група симптомите се повлекоа со адекватна ресорптивна и аналгетска терапија. Во втората подгрупа, коа е и вистинскиот интерес на овој труд, кај 3 пациенти беше забележан дискретен ектропиум на долните капаци, кај 1 пациент се визуелизира склерата на едната страна поради ретракција на горниот капак. Кај 1 пациент доіде до рана дехисценција на шевот на еден долен капак поради траума. Кај овие пациенти беа изведени ревизиони хируршки процедури. Кај пациентите со ектропиум на долните капаци, заради скарификациза на орбиталниот септум, беше изведена процедура на латерал тарзал стрип, со резултантна корекција на ектропиумот и постигнување на апозиција на работ на капакот со очното јаболко. Кај пациентот со визуелизациа на склерата поради ретракција на горниот капак, причинет исто така заради скарификација на орбиталниот септум, беше пласиран мукозен графт за екстензиа на предната ламела, со што се постигна нормална позиција на горниот капак. Кај пациентот со дехисценција на шевот, со освежување на ивиците и ресутура се постигна задоволителен резултат. Заклучок: Раните контроли и мониторинг во постоперативниот период се важни за детекција на постоперативните компликации при оваа процедура. Познавањето на етиологиата на постоперативните компликации ги диктира и одредува и соодветните ревизиони корективни процедури кои треба да се познаваат, како и основната хируршка процедура.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/26710
Appears in Collections:Faculty of Medicine: Conference papers

Files in This Item:
File Description SizeFormat 
IMG_2504.HEIC3.01 MBUnknownView/Open
IMG_2505.HEIC3.8 MBUnknownView/Open
Show full item record

Page view(s)

32
checked on Apr 28, 2024

Download(s)

10
checked on Apr 28, 2024

Google ScholarTM

Check


Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.