Please use this identifier to cite or link to this item: http://hdl.handle.net/20.500.12188/26704
Title: Естетска блефаропластика на очни капаци-компликации и менџмент
Authors: Ставрич Дејан
Богданова Ирина
Николовска Билјана
Исјановски Игор 
Арнаудовски Златко
Keywords: блефаропластика
очни капаци
Issue Date: 2009
Journal: Македонски Медицински Преглед = Macedonian Medical Review
Conference: II Македонски конгрес на офталмолозите со меѓународно учество
Abstract: Вовед: Естетска блефаропастика спаѓа во редот на поедноставните процедури во окулопастична хирургија. Сепак, поради екстензивноста на површината која се обработува, а со тоа и на ткиво кое постоперативно зацелува, не се ретки интра и постоперативни компликации. Цел: Целта на овој труд е да се прикажат најчестите компликации при естетска блефаропластика и решение за истите. Материјал и Методи: Направена е ретроспкетивна анализа на 20 пацинети оперирани на Клиника з аочни болести во Скопје, на возраст од 25 до 62 годишна возраст, од еден хирург. Кај сите пациенти беше спроведена естетска блефаропластика на сите 4 очни капаци, во локална анестезија, како дневна хирургија. Компликациите ги поделивме во 2 подгрупи: компликации кај кои не беше потребна ревизија и компликации кај кои беше потребна ревизиона хируршка процедура. Во првата подргрупа кај 2 пацинети се јави екцесивен постоперативен едем, 3 пациенти се жалеа на ексецивна постоперативна болка. Кај сите пациенти од оваа група симптомите се повлекоа со адекватна ресорптивна и аналгетска терапија. Во втората подгрупа, која е и вистинскиот интерес на овој труд, кај 3 пациенти беше забележан дискретен ектропиум на долните капаци, кај 1 пациент се визуелизира склерата на едната страна поради ретракција на горниот капак. Кај еден пациент дојде до рана дехисценција на шевот на еден долен капак поради траума. Кај овие пациенти беа изведени ревизиони хирушки процедури. Кај пациентите со ектропиум на долните капаци, заради скарификација на орбиталниот септум, беше изведена процедура на латерал тарзал стрип, со резултатна корекција на ектропиум и постигнување на апозиција на работ на капакот со очното јаболко. Кај пациентот со визуелизација на склерата поради ретракција на горниот капак, причинет исто така заради скарификација на орбиталниот септум, беше планиран мукозен графт за екстензија на предната ламела, со што се постигна нормална позиција на горниот капак. Кај пациентот со дехисценција на шевот, со освежување на ивиците и ресутура се постигна задоволителен резултат. Заклучок: Раните контроли и мониторинг во постоперативниот период се важни за детекција на постоперативните компликации при оваа процедура. Познавањето на етиологијата на постоперативните компликации ги диктира и одредува и соодветните ревизиони корективни процедури кои треба да се познаваат, како и основната хируршка процедура.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/26704
Appears in Collections:Faculty of Medicine: Conference papers

Files in This Item:
File SizeFormat 
IMG_2473.HEIC3.36 MBUnknownView/Open
Show full item record

Page view(s)

21
checked on Apr 28, 2024

Download(s)

8
checked on Apr 28, 2024

Google ScholarTM

Check


Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.