Скрининг тестирање за хепатитис ц на територија на Р. Македонија
Journal
Physioacta
Date Issued
2009
Author(s)
Abstract
Во Европа со вирусот на хепатит Ц се инфицирани 12 милиони лица, а во светот над 180 милиони. Заболување кое го напаѓа црниот дроб и води кон хроничен хепатитис, предизвикувајќи цироза и карцином на црниот дроб. Хепатитис Ц познат како тивок убиец често е недетектиран при што многу пациенти останиваат не дијагностицирани. Скринингот може да се дефинира како прелиминарно откривање на инфицирани лица, со помош на лесни и брзо применливи постапки. Цел на скринингот е рано откривање на пореметување на здравјето на чиј тек или исход може да се влијае, тоа не е дефинитивна дијагноза, туку ориентациона тријажа на пациентите. Спроведувањето на скринингот на теренот има за цел и откривање на можни инфицирани, кои понатаму се испраќаат на соодветни прегледи. Во 2008 г. спроведени се 10949 тестирања со помош на скрининг тест-Хексагон ХЦВ ( имунохоматографски брз тест за детекција на анатитела за хуманите хепатитис Ц антитела ). 39.7% се од машкиот и 60.3% од женскиот пол. Просечна возраст 40.1, со минимум 15г има максимум 69г. Откриени се 97 лица т.е. 0.9% позитивни од вкупно тестираните. Кај сите тестирани освен кај 10.3% се регистрираат ризик фактори за постоење на инфекција со ХЦВ. Хируршки или гинеколошки интервенции како ризик фактори се 17.5%, тетоважа и пирсинг - 18.5%, највисока преваленца се регистрира кај интравенските корисници на опојни дроги - 36.1%. Министерството за здраство при Р. Македонија го препозна Хепатитис Ц како ургентен јавноп здраствен проблем и ги идентифицира приоритетните акции во Програмата за превентоѓивна здраствена заштита во Р. Македонија за 2009г., Преку континуирано следење на епидемиолошката состојба во земјата, преку спроведување на организирани активности за рано откривање на инфекцијата скрининг тестови на теренот, но се надеваме дека во идните програми ќе воведе покрај скрининг-от, рана, брза и точна дијагноза и широка достапност на третманот
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
IMG_2471.HEIC
Size
3.52 MB
Format
Unknown
Checksum
(MD5):a3ec0e41662d61675cda894ce164d45a
