Ве молиме користете го овој идентификатор да го цитирате или поврзете овој запис: http://hdl.handle.net/20.500.12188/26222
Наслов: Антропометриски индекси во процена на растот и нутритивниот статус кај деца
Authors: Зафирова, Биљана 
Чадиковска, Елизабета 
Трпковска, Билјана 
Бојаџиева, Билјана 
Keywords: антропометрија
нутритивен статус
раст
детска популација
Issue Date: 2020
Publisher: Македонско Лекарско Друштво
Conference: 20ти Конгрес на Македонското Лекарско Друштво во соработка со Медицинскиот факултет - Скопје
Abstract: Цел: Глобалниот тренд на зголемување на дебелината посебно во детската возраст ја наметна потребата од примена на антропометријата како брза, економична, неинвазивна и лесно апликативна метода со цел за процена и евалуација на полово-специфичните карактеристики на антропометриските индекси кои се користат во процена на растот и нутритивниот статус кај 5 годишни деца. Материјал и методи: Во студијата беа вклучени 240 здрави деца (120 момчиња и 120 девојчиња) на возрат од 5 години од Македонска националност. Селектирани и мерени беа 5 антропометриски параметри: телесна маса (ТМ), висина (ТВ), обем на надлакт (ОН) и две кожни дипли (над трицепс и скапула). Со стандардни формули истите беа комбинирани и изведени како индекси: телесна маса-за-возраст, висина-за-возраст, индексот на телесната маса, БМИ-за возраст, обем надлакт-за-возраст и кожните дипли-за-возраст. Резултати:Полово-специфични разлики се детектираа кај (ТМ,ТВ и БМИ) во корист на момчињата. Кожните дипли пак беа сигнификантно повисоки кај девојчињата. Вредностите на антропометриските индекси на 50от перцентил кај момчињата изнесуваа: 21 kg за ТМ, 115 cm за ТВ, 15.5 kg/m2 за БМИ и за кожните дипли над трицепс и скапула 7 и 4.1 mm соодветно, додека кај девојчињата се покажаа следниве вредности:20 kg за ТМ, 113.5 cm за ТВ, 15.01 kg/m2 за БМИ и за кожните дипли над трицепс и скапула 7.8 и 4.7 mm. Заклучок: Се препорачува овие антропометриски индекси да најдат примена како критериуми во процена и детекција на отстапување на состојбите на растот и нутритивниот статус кај деца на возраст од 5 години во Р.Северна Македонија.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/26222
Appears in Collections:Faculty of Medicine: Conference papers

Files in This Item:
File Опис SizeFormat 
Congress2020_AbstractBook-prePrint3 MLD 2020.pdf12.45 MBAdobe PDFView/Open
Прикажи целосна запис

Page view(s)

89
checked on 4.5.2025

Download(s)

16
checked on 4.5.2025

Google ScholarTM

Проверете


Записите во DSpace се заштитени со авторски права, со сите права задржани, освен ако не е поинаку наведено.