Ве молиме користете го овој идентификатор да го цитирате или поврзете овој запис: http://hdl.handle.net/20.500.12188/25425
Наслов: Пристапност во туризмот: патувања на лицата со попреченост
Authors: Metodijeski, Dejan
Filiposki, Oliver
Keskinova, Angelka 
Dzambazovski, Kristijan
Taleska, Milena 
Todorovic, Emilija
Dimovski, Cedomir
Micevski, Mladen
Mitreva, Elizabeta
Keywords: Пристапност
Лица со попреченост
Туризам
Патувања
Угостителство
Issue Date: авг-2021
Publisher: Туристика, Скопје
Source: Metodijeski, Dejan, Filiposki, Oliver, Keskinova, Angelka, Dzambazovski, Kristijan, Taleska, Milena, Todorovic, Emilija, Dimovski, Cedomir, Micevski, Mladen, Mitreva, Elizabeta (2021) Пристапност во туризмот: патувања на лицата со попреченост. Туристика, Скопје. ISBN 978-608-4872-09-2
Abstract: Книгата „Пристапност во туризмот: патувања на лицата со попреченост“ е наменета за сите кои работат во секторот угостителство и туризам, за академската јавност, студентите, учениците, истражувачите, заинтересираните страни од приватниот, јавниот и невладиниот сектор кои директно или индиректно се поврзани со организацијата на туристички активности. Книгата е изготвена со цел да се збогати постоечката литература поврзана со проблематиката на пристапноста во туризмот од аспект на лицата со попреченост. Материјалот во книгата е поделен во три основни поглавја. Во првиот дел е опфатен материјалот кој се однесува на современите аспекти на туризмот, карактеристиките на туризмот, како и регионалната дистрибуција на светскиот туризам. Исто така, обработен е материјалот поврзан со современите тенденции и влијанието на COVID-19 во туризмот. Во вториот дел се разгледува пристапноста во туризмот. Се обработува материја поврзана со дефинирање и анализа на различни аспекти на пристапноста во туризмот, организацијата на патувањата, туристичката политика, туристичките водичи, понудата, профилот на побарувачката и сл. Исто така, посветен е дел на пристапност на објектите во туризмот и угостителството, како: ресторани и сектор храна и пијалаци, хотели и сектор сместување, пристапни дестинации, транспорт, тематски паркови, објекти на културата, настани, спорт, бродови за крстарење и плажи. Третиот дел е посветен на меѓународните практики поврзани со пристапноста во туризмот. Во овој дел се обработува материјалот поврзан со пристапноста и туризмот во светот, како и активностите на Светска Туристичка Организација на ова поле. Исто така, се обработуваат и Европските практики на пристапност во туризмот, каде се дадени примери од развиени туристички земи како: Германија, Чешка, Словенија, Португалија и Англија. Во книгата покрај меѓународните искуства опфатени се аспекти на пристапноста и туризмот во Македонија. Дадени се успешни примери и практики, како и проекти од секторот угостителство и туризам во земјата кои одат во прилог на подобрување на пристапноста во туризмот во земјата. Во изработката на книгата користена е соодветна стручна литература и релевантни интернет извори од областа на пристапноста во туризмот. Имајќи предвид дека ова е прво издание на книгата, можеби сме пропуштиле некои важни елементи поврзани со пристапност во туризмот и патувањата на лицата со попреченост. За сите забелешки, мислења и коментари, авторите ќе Ви бидат благодарни и ќе ги земат предвид при создавањето на второто дополнето и проширено издание. Исто така, искажуваме благодарност и до сите наши колеги и соработници кои дадоа придонес во обезбедувањето на неопходните материјали за комплетирање на книгата, како и на рецензентите за укажаните искрени и конструктивни сугестии.
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/28355
http://hdl.handle.net/20.500.12188/25425
Appears in Collections:Faculty of Philosophy 02: Monographs / Монографии

Files in This Item:
File Опис SizeFormat 
Пристапност во туризмот.pdf337.29 kBAdobe PDFView/Open
Прикажи целосна запис

Page view(s)

94
checked on 11.10.2024

Download(s)

10
checked on 11.10.2024

Google ScholarTM

Проверете


Записите во DSpace се заштитени со авторски права, со сите права задржани, освен ако не е поинаку наведено.