Please use this identifier to cite or link to this item: http://hdl.handle.net/20.500.12188/2541
Title: Еврото и надворешнотрговската размена на Европската унија
Authors: Makrevska disoska, Elena 
Keywords: евро
надворешнотрговска политика на ЕУ
светска финансиска криза
Issue Date: 2015
Publisher: Селектор, Скопје
Abstract: Европската унија учествува со околу една петтина во вкупната светска трговија со стоки, што ја прави најголем трговски „играч“ во светот. Таквата позиција е резултат на постоењето на внатрешниот пазар и Заедничката надворешнотрговска политика, што ѝ дава екслузивно право и моќ на Европската унија да ги застапува интересите на земјите – членки во мултилатералниот трговски систем и да преговара како еден ентитет. Делокругот на надворешнотрговската политика дополнително се проширил со Договорот од Лисабон, со што ја вклучил трговијата со услуги, странските директни инвестиции и заштитата на правата на интелектуалната сопственост. Впрочем, прераснувањето во Европската монетарна унија и воведувањето на еврото е засновано на здравите темели на внатрешниот пазар. Унијата верувала дека креирањето на вистински обединет пазар со единствена валута ќе ѝ помогне поефикасно да ги брани своите економски интереси. Сепак, постоеле одредени недостатоци во создавањето и функционирањето на Европската монетарна унија што биле потенцирани со почетокот на светската финансиска криза во средината на 2008 и почетокот на 2009 година. Со оглед на актуелноста на разгледувана тематика, сметав дека објавувањето на овaa монографија ќе даде скромен научен придонес во областа на Европската интеграција. Како посебен научен придонес на оваа монографија го истакнувам фактот што претставува редок обид да се анализираат слабите точки и сензитивноста на економијата на ЕУ, давајќи притоа препораки за идните насоки и очекувања што ги имаат земјите од Западен Балкан, пред сé на Р. Македонија за идно членство во Унијата.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/2541
ISBN: 978-608-4660-12-5
Appears in Collections:Faculty of Economics 01: Books / Книги

Show full item record

Page view(s)

35
checked on Apr 19, 2024

Google ScholarTM

Check


Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.