Please use this identifier to cite or link to this item: http://hdl.handle.net/20.500.12188/25289
Title: Улогата на регулаторните институции во развојот на функционалната пазарна економија во Република Северна Македонија
Authors: Мамучевска, Даниела 
Keywords: регулаторни институции (АЕК, АП, АВМУ,АРЖС, РКЕ и КЗК), независност, ефикасност, пазарна конкуренција,општествена благосостојба
Issue Date: 2020
Publisher: Македонска Академија На Науките и Уметностите, МАНУ - Скопје
Conference: Тркалезна маса на тема „Значењето на регулаторните институции за изградба на функционална пазарна економија во Република Северна Македонија“
Abstract: Развојот на регулаторната институционална рамка во земјата ја претставува последната карика во процесот на трансформација на општествено-економскиот систем и изградбата на пазарната економија. Во првите години од транзицијата на општествено-економскиот систем во фокусот на реформите беше спроведувањето на приватизацијата и трансформацијата на јавната (државната) сопственост во приватна како и либерализацијата на трговијата. Се чинеше дека пазарот, преку ослободувањето од државата, либерализацијата на надворешната трговија ќе се создадат услови за слободно функционирање на пазарниот механизам, зголемената конкуренција ќе продуцира поквалитетна понуда на стоки и услуги, по економски прифатливи цени, понудени од страна на ефикасни и продуктивни фирми. Институционалниот развој на соодветни регулаторни тела беше речиси занемарен. Со потпишувањето на Спогодбата за стабилизација и асоцијација со ЕУ (април 2001 година) и со нејзиното стапување на сила (април 2004 година), започна поинтензивен процес на развој на пазарните регулаторни институции. Но, и по одминати речиси две декади, перформансите на регулаторните институции и нивното влијание врз развојот на функционалната пазарна економија се далеку од перформансите што овие институции ги остваруваат во земјите од Европската унија. Посебен фокус на анализа во овој труд се секторските регулаторни тела од областа на електронските комуникации, медиумските услуги, железничкиот и поштенскиот транспорт, енергетиката и работата на Комисијата за заштита на конкуренцијата. Во фокусот на анализата се поставува прашањето на независноста на овие институции анализирана преку петте димензии на независност (de-jure независност, транспарентност и отчетност, финансиска независност, независност на менџментот, кадровски капацитет) дефинирани согласно методологијата на OECD (2018). Структурата на трудот е следна: Во првиот и вториот дел од трудот се анализира потребата од развој на функционални регулаторни институции, и се прави краток преглед на теоретските и емпириските сознанија за придобивките од имплементација на ефикасна и ефективна ex-ante и ex-post пазарна регулација, соодветно. Третиот дел од трудот е посветен на анализата на состојбите и проблемите во развојот на системот на ефикасна економска и пазарна регулација во македонската економија. Четвртиот дел ги сублимира заклучоците и препораките за идниот развој на регулаторните институци во земјата.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/25289
ISBN: 978-608-203-310-5
Appears in Collections:Faculty of Economics 02: Conference papers / Трудови од научни конференции

Files in This Item:
File SizeFormat 
Trud za zbornikot Daniela Bojadjieva.docx395.09 kBMicrosoft Word XMLView/Open
Show full item record

Page view(s)

38
checked on Apr 22, 2024

Download(s)

4
checked on Apr 22, 2024

Google ScholarTM

Check


Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.