Value of CT calcium score in detection of coronary artery disease: case report
Journal
International Journal of Recent Research in Arts and Sciences
Date Issued
2022-10
Author(s)
Bojovski, I
Jovanoski, M
Abstract
Вовед. Коронарната артериска болест (КАБ) претставува водечка причина за морбидитет и морталитет во светски рамки. Последнава деценија значајно е зголемена примената на поновите неинвазивни дијагностички методи за дијагноза на КАБ. Особено внимание се посветува на коронарниот КТ-калциум скор (КТКС) бидејќи станува збор за неконтрастно испитување за кое е потребно ефективна доза зрачење сигнификантно пониска од онаа за КТ-коронарната ангиографија (КТКА). Најпознатата техника за одредување на коронарниот калциум ја вовел Агатстон и таа се означува како Agatston score. КТКС моментално се препорачува за ризик-стратификација на асимптоматски пациенти со низок и интермедиерен ризик.
Приказ на случај. Презентираме маж на 62-годишна возраст, хипертоничар, со анамнеза за типична ангина пекторис при физички напор и замор. Тегобите ги чувствувал веќе неколку месеци наназад. Направен е клинички преглед со ЕКГ, ехокардиографија, доплер на каротидни артерии, Холтер ABP и MSCT (multislice CT) со одредување на калциум-скор по Агатстон со вредност 170.87. Заради типичната симптоматологија, кај пациентот било дополнително направен коронарен стрес тест (КСТ) кој бил оценет како позитивен и упатен на коронарна ангиографија. Коронарната ангиографија покажала постоење на повеќесадовна КАБ.
Заклучок. КТКС има повеќе ограничувања и не би требало да се користи кај симптоматски и пациенти со висок ризик за КАБ. Отсуството на сигнификантен коронарен калциум не значи и отсуство на атеросклероза. Непостоењето на корелација помеѓу КТКС и коронарографскиот наод, особено со степенот на луминална стеноза, сугерира дека КТКС сам за себе веројатно не е доволен, туку дека е потребен уште најмалку 1 неинвазивен метод за скрининг, детекција или проценка на ризикот за КАБ.

File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
IJRRAS_vol.15_2022 trudovi.pdf
Size
12.34 MB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):363dbb814971645495d9d47aa9745597