КТ-калциум скор наспроти коронарографија во скрининг, детекција и проценка на ризик за коронарна артериска болест - приказ на случај
Date Issued
2022-09
Author(s)
Abstract
Вовед: КТ-калциумскиот скор (КТКС) или Агатстон скор претставува полуавтоматизирана алатка за пресметка на скор (вредност) базиран на екстензивноста на коронарната артериска калцификација (КАК) детектирана со ниско-дозен КТ скен без контраст. КАК е високо-специфичен маркер за атеросклероза. Иако високите вредности на овој скор (над 400) укажуваат на висок ризик за постоење сигнификантна коронарна артериска болест (КАБ), сепак, тој не дозволува прецизна проценка на меки, т.н. некалцифицирачки плаки.
Приказ на случај: Пациент на 62-годишна возраст консултира кардиолошка амбуланта заради типична ангинозна (градна) болка при физички напор и лесен замор од пред неколку месеца. Анамнестички се доби податок за прележан COVID-19 пред околу 1,5 година, а од ризик-фактори и коморбидитети се лекува заради артериска хипертензија и дислипидемија. Истиот е непушач и има позитивна фамилијарна анамнеза за КАБ. Електрокардиограмот е без значајни отстапувања. Кај пациентот е направен КТКС со вредност од 170,87. Ехокардиографијата покажа сочувана ЕФ, без испади во кинетика, со лесна дијастолна дисфункција и лесна до умерена хипертрофија на септум. Коронарниот стрес-тест беше оценет како позитивен поради што беше индицирана коронарографија. Коронарографскиот наод презентира постоење на повеќесадовна КАБ.
Заклучок: КТКС има повеќе ограничувања и не би требало да се користи кај симптоматски и пациенти со висок ризик за КАБ. Отсуството на сигнификантна КАК не значи и отсуство на атеросклероза. Непостоењето на корелација помеѓу КТКС и коронарографскиот наод, особено со степенот на луминална стеноза, сугерира дека КТКС сам за себе веројатно не е доволен, туку дека е потребен уште најмалку 1 неинвазивен метод за скрининг, детекција и проценка на ризикот за КАБ.

File(s)![Thumbnail Image]()
![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
CT calcium score vs coronary angio in CAD.pdf
Size
254.83 KB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):27d3765194beb3b7d87237434438a4db
Loading...
Name
5-ti Kongres Fizijatri 2022 PROGRAMA - trudovi.pdf
Size
12.02 MB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):a3711648db869f715d015a7cf155b639