Please use this identifier to cite or link to this item: http://hdl.handle.net/20.500.12188/24530
Title: Развој на инклузивен пристап кон лицата со попреченост во Република Северна Македонија
Authors: Чичевска Јованова, Наташа 
Рашиќ Цаневска, Оливера 
Keywords: инклузија, образование, лица со попреченост, легислатива, стратегии
Issue Date: 2022
Publisher: Сојуз на специјални едукатори и рехабилитатори nа Република Северна Македонија-Скопје; Филозофски факултет – Скопје, Институт за специјална едукација и рехабилитација; Универзитет во Tетово- Педагошки факултет Тетово - Студии по специјална едукација и рехабилитација
Conference: Меѓународна научно-стручна конференција: Образование на лицата со попреченост - актуелни состојби и перспективи
Abstract: Образованието има улога да го менува животот на сите луѓе ширум светот, отворајќи можности и потенцијали за развој и промени. Но, и покрај тоа што е важно, не е доволно едноставно само да се внесат децата во училиште. На децата им треба квалитетно образование кое ќе им помогне целосно да го искористат својот потенцијал и да ги зголемат нивните можности да станат среќни, здрави, успешни и членови на општеството кои ќе придонесуваат за нивен личен но и за развојот на општеството. Трудот има за цел да направи еден ретроспективен преглед на образова-нието на лицата со попреченост во Република С. Македонија, правејќи истовремено корелација со начинот на реализација и промените во образовниот систем на лицата со пречки во развојот низ различни земји во светот. Применети се методот на компаративна анализа и методот на генерализација, а како техники се применети анализа на литература, законски и правни докумен-ти, легислативи и регулативи, воспитно-образовни програми и стратегии. Анализите посочуваат дека во Р. С. Македонија иако постојано се прават напори за подобрување на воспитно-образовниот систем во целина, а во наш контекст и за лицата со попреченост, може да се констатира дека промените се парцијални без доволно проценување, анализа и детерминирање на реалната состојба, достапни ресурси и можности, што индиректно води до импровизирање и оставање на простор за голем број на последици. Иако инклузијата има неспорно позитивни страни, не треба секогаш да се смета дека таа е најдобар избор за секое дете.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/24530
ISBN: 978-608-238-220-3 (Филозофски факултет)
978-608-217-111-1 (Универзитет во Тетово, Педагошки факултет)
978-608-65438-8-4 (Сојуз на специјални едукатори и рехабилитатори на РСМ)
Appears in Collections:Faculty of Philosophy 05: Conference papers / Трудови од научни конференции

Show full item record

Page view(s)

82
checked on Apr 30, 2024

Download(s)

55
checked on Apr 30, 2024

Google ScholarTM

Check


Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.