Ве молиме користете го овој идентификатор да го цитирате или поврзете овој запис: http://hdl.handle.net/20.500.12188/23354
Наслов: Рана постоперативна позитронско-емисиона томографија/ компјутеризирана томографија кај пациенти со колоректален карцином во стадиум III од болеста
Authors: Горан Спиров 
Keywords: КТ
ПЕТ/КТ
карцином на колон
карцином на ректум
рецидивантен колоректален карцином
следење на пациенти со колоректален карцином
Issue Date: 2022
Abstract: Вовед: Современиот пристап во следење на пациентите со колоректален карцином вклучува физикален преглед, колоноскопија, одредување на ЦЕА тумор маркер во крвта и КТ преглед. Сепак, постојат повеќе клинички сценарија кога дополнителните иследувања се неопходни. 18ФДГ ПЕТ/КТ е хибриден метод на визуелизација кој овозможува приказ на метаболизмот на ткивата и споредба со морфолошките карактеристики прикажани на КТ. Сé почесто се користи во одредување на стадиумот на болеста, реевалуација на стадиумот на болеста и следење на одговор на терапијата кај пациенти со малигно заболување. ЦЕЛ: Целта на оваа студија е да ја утврди користа од ПЕТ/КТ прегледот во разрешување на клинички дилеми кои се јавуваат при следење на пациенти со колоректален карцином. Материјал и метод: Студијата е ретроспективна проспективна и вклучува испитаници со колоректален карцином во стадиум III од болеста кај кои е направен постоперативен ПЕТ/КТ преглед поради сомнение за рецидивантна болест. Кај сите испитаници болеста се следи според општо прифатен протокол. Испитаниците се упатени на ПЕТ/КТ преглед од страна на онколог поради: 1. лезии детектирани со КТ, суспектни за локален рецидив/секундарен депозит, 2. пораст на нивото на ЦЕА во крвта со уреден наод од КТ или 3. клиничко сомнение за рецидивантна болест, но со уреден наод од KT и ЦЕА тумор маркер во референтни граници. Користени фактори на исклучување во истражувањето се: синхроно / метахроно малигно заболување, како и неоадјувантна хемо или радиотерапија. Специјалист по нуклеарна медицина и радиолог вршат интерпретација на наодот од ПЕТ/КТ прегледот. Детектираната рецидивантна болест е потврдена со хистопатолошка анализа на примерок добиен од кор биопсија или со оперативен третман, КТ, МР или контролен преглед после завршен конзервативен третман. Контролен КТ или ПЕТ/КТ преглед се користи за потврда на негативен ПЕТ/КТ наод во период од 6-9 месеци. Во истражувањето се пресметани 1. сензитивност, 2. специфичност, 3. позитивна и негативна предиктивна вредност, и 4. точност на ПЕТ/КТ во детекција на рецидивантната болест. Исто така, тестирано е постоење на поврзаност меѓу возраста и стадиумот на болеста со појавата на рецидивантна болест. Резултати: Студијата вклучува вкупно 55 испитаници, на возраст од 56,8 години (опсег 27-81) од кои 33 (60%) се мажи. Според хистопатолошкиот наод 4 (7,3%) испитаници се во стадиум IIIA, 36 (65,5%) во стадиум IIIB и 15 (27,2%) во стадиум IIIC од болеста. На КТ идентификувани се лезии суспектни за локален рецидив/секундарен депозит кај 22 (40%) испитаници. Покачено ниво на ЦЕА е причина за ПЕТ/КТ преглед кај 14 (25,5%) испитаници. Клиничко сомнение за рецидивантна болест има кај 19 (34,5%) испитаници. ПЕТ/КТ детектираше рецидивантна болест кај 21 (38,2%) испитаник. Дополнително, на ПЕТ/КТ беа детектирани лезии кои сугерираа рецидивантна болест кај 6 (10,9%) испитаници, но понатамошните иследувања не го потврдија тоа. Сензитивноста, специфичноста, позитивната и негативната предиктивна вредност и точноста на ПЕТ/КТ во детекција на рецидивантната болест изнесуваат 90,9%, 78,8%, 74,1% , 92,8% и 83,6%, соодветно. Рецидиванта болест најчесто е детектирана во црн дроб, бел дроб, лимфни јазли и перитонеум. Резултатот од Hi-квадрат тестот покажа дека не постои статистички значајна разлика помеѓу возраста на испитаникот и/или стадиумот на болеста и појавата на рецидивантна болест. Заклучок: ПЕТ/КТ може да се користи како ефикасна алатка за разрешување на дилеми кои се јавуваат во процесот на следење на пациенти со колоректален карцином. ПЕТ/КТ е супериорен метод споредено со КТ во детекција на рекурентна екстрахепатична болест кога постои клинички сомнеж за тоа. Исто така, ПЕТ/КТ е од корист при диференцирање на лезии детектирани на КТ, кога тие сами по себе не се конклузивни.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/23354
Appears in Collections:Faculty of Medicine: PhD Theses

Files in This Item:
File Опис SizeFormat 
Горан Спиров докторска.pdf1.39 MBAdobe PDFView/Open
Прикажи целосна запис

Page view(s)

108
checked on 19.4.2024

Download(s)

249
checked on 19.4.2024

Google ScholarTM

Проверете


Записите во DSpace се заштитени со авторски права, со сите права задржани, освен ако не е поинаку наведено.