Контрола на Pythium spp. кај доматот и пиперката со употреба на нови фунгицидни активни материи
Journal
Заштита на растенијата (Здружение за заштита на растенијата)
Date Issued
2012
Author(s)
Русевски, Р.
Кузмановска, Б.
Банџо, К.
Ристески, М.
Abstract
Извадок
Целта на испитувањето беше да се испита ефикасноста на фунгицидите ENERVIN и ORVEGO во уништување на Pythium spp. - причинителот на полегнување (топење) на расадот. Опитот беше поставен на семе и расад од домат и од пиперка на две локации: во Скопје и во с. Добрејци, Струмичко. Во текот на 2011 година, опитот беше изведен во три варијанти за секој од испитуваните фунгициди, кај секоја култура. Во текот на испитувањето, фунгицидите ENERVIN и ORVEGO употребени во испитуваните дози покажаа максимална ефикасност (100%) во контролата на Pythium spp. Испитуваните фунгициди претставуваат исклучително ефикасни превентивни препарати со силно стопирачко дејствување врз
развојот на причинителот на полегнувањето (топењето) на расадот.
Клучни зборови: Pythium spp., расад, ENERVIN, ORVEGO, ефикасност

Subjects