Уништување на Uncinula necator -причинител на пепелница на лозата со примена на активната материја Proquinazid
Journal
Заштита на растенијата (Здружение за заштита на растенијата на Република Македонија)
Date Issued
2012
Author(s)
Русевски, Р.
Кузмановска, Б.
Банџо, К.
Ристески, М.
Abstract
Целта на испитувањето беше да се испита ефикасноста на препаратот TALENDO® во уништувањето на Uncinula necator - причинител на пепелницата кај лозата. Опитот беше поставен во три варијанти во лозови насади на два локалитета: во Бутел, Скопско и во реонот на Велес, во текот на 2011 година. Во текот на испитувањето, фунгицидот
TALENDO®, употребен во испитуваната концентрација од 0,025%, покажа висока ефикасност од 93,7% во Скопско и 94,5% во реонот на Велес, во услови кога индексот на заболување во контролата изнесуваше 81%, односно 78,8%. Фунгицидот TALENDO® претставува исклучително ефикасен превентивен препарат со силно стопирачко дејствување во уништување на причинителотна пепелницата кај лозата.
Клучни зборови: Uncinula necator, пепелница кај виновата лоза, TALENDO®, винова лоза, ефикасност.

Subjects