Ве молиме користете го овој идентификатор да го цитирате или поврзете овој запис: http://hdl.handle.net/20.500.12188/2271
Наслов: Систем на компензации, ставови кон работата и продуктивност на вработените во осигурителниот сектор
Authors: Јовановска, Тијана
Issue Date: 2019
Publisher: Филозофски факултет, Скопје
Source: Јовановска, Т. (2019). Систем на компензации, ставови кон работата и продуктивност на вработените во осигурителниот сектор. Магистерска теза. Скопје: Филозофски факултет.
Abstract: Предметот на овој магистерски труд е поврзаноста на системот на компензации (материјални и нематеријални) составовите кон работата и со продуктивноста на вработените во осигурителниот сектор. Една од поважните и најчесто споменувани варијабли емотивацијата за работа на вработените која е дефинирана како фактор кој го предизвикува, насочува и одржува саканото однесување на луѓето. На мотивацијатаза работа се надоврзува компензацискиот систем како систем на плаќања и надоместоци кои вработенитеги добиваат за извршена работа. Иако во изградбата на квалитетен и ефикасен компензациски систем се потребни големи вложувања, како средства така и труд, сепак сите тие трошоци се оправдани доколку се постигне висок степен на задоволство од работата и продуктивност на вработените.Теоретскиот дел на трудот содржи соодветни теории и релевантни истражувања за квалитетот на компензацискиот систем, ставовите кон работата и продуктивноста. За да се одговори на проблемот на истражувањето беше составен соодветенпрашалник и, истиот беше применет на вработени во осигурителни компании. Со обработка на собраните податоци во SPSS програмскиот пакет се дојде до заклучоци врз основа на кои се прифатија три од поставените шест хипотези, односно, беше потврдена позитивната поврзаноста на квалитетот на компензацискиот систем со ставовите кон работата и продуктивноста. Во заклучокот се објаснува на што се должи големото влијание на нематеријалните и материјалните компензации врз мотивацијата за работа, задоволството од работата и продуктивноста на вработените во осигурителниот сектор.
Опис: Магистерска теза одбранета во 2019 година на Филозофскиот факултет во Скопје, под менторство на проф. д–р Елисавета Сарџоска.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/2271
Appears in Collections:Faculty of Philosophy 07: MA Theses / Магистерски тези

Files in This Item:
File Опис SizeFormat 
tijovanovska2019.pdf2.48 MBAdobe PDFThumbnail
View/Open
Прикажи целосна запис

Page view(s)

110
checked on 25.7.2024

Download(s)

450
checked on 25.7.2024

Google ScholarTM

Проверете


Записите во DSpace се заштитени со авторски права, со сите права задржани, освен ако не е поинаку наведено.