Ве молиме користете го овој идентификатор да го цитирате или поврзете овој запис: http://hdl.handle.net/20.500.12188/2268
Наслов: Преваленција и причини за оштетување на видот кај децата
Authors: Тасевска, Даниела
Keywords: оштетување на вид, преваленција, причини
Issue Date: 2019
Publisher: Филозофски факултет, Скопје
Source: Тасевска, Д. (2019). Преваленција и причини за оштетување на видот кај децата. Магистерска теза. Скопје: Филозофски факултет.
Abstract: Генерално, причини за оштетување на видот се: некоригирани аномалии на рефракцијата, страбизам, воспалителни и дегенеративни болести на окото, повреди на окото и болести на очниот нерв. Целта на истражувањето е да се одреди преваленцијата и причините за оштетување на видот кај децата на возраст од 0 до 18 години коишто се прегледани на Одделот за офталмологија во Градска општа болница 8-ми Септември, Скопје, во периодот од 1.10.2013 до 30.9.2018 година. Ги анализиравме специјалистичките извештаи за офталмолошките прегледи на децата со оштетување на видот. За статистичка обработка на податоците ги користевме Хи-квадрат тестот и т-тестот со ниво на значајност од p<0,05. Вкупниот број на деца со оштетување на видот е 829, 373 машки (45%) и 456 женски (55%). Во однос на причината за оштетување на видот, 353 деца (42,6%) имале рефракциона аномалија, 171 дете (20,6%) имало воспалителен процес на окото, 82 деца (9,9%) имале страбизам, 50 деца (6%) имале повреда на окото, 44 деца (5,3%) имале дегенеративна болест на окото, 43 деца (5,2%) имале заболување на ретината, 15 деца (1,8%) имале амблиопија, 34 деца (4,1%) имале компјутерски визуелен синдром, 18 деца (2,2%) имале оштетување на видот од други болести кои влијаат на видот: системски, ендокрини заболувања, Сика синдром и слепило за бои, 14 деца (1,7%) имале заболување на очниот нерв и пет деца (0,6%) имале нистагмус. Најчеста причина за оштетување на видот е рефракционата аномалија. Најчеста рефракциона аномалија е астигматизмот. Најчест воспалителен процес е конјунктивитисот. Најголем број на деца со страбизам имаат конвергентен страбизам. Најчести повреди на окото се физичките повреди. Најчесто дегенеративно заболување на окото е глаукомот.
Опис: Магистерска теза одбранета во 2019 година на Филозофскиот факултет во Скопје, под менторство на проф. д–р Даниела Димитрова - Радојичиќ.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/2268
Appears in Collections:Faculty of Philosophy 07: MA Theses / Магистерски тези

Files in This Item:
File Опис SizeFormat 
dtasevska2019.pdf2.61 MBAdobe PDFThumbnail
View/Open
Прикажи целосна запис

Page view(s)

141
checked on 4.5.2025

Download(s)

1.259
checked on 4.5.2025

Google ScholarTM

Проверете


Записите во DSpace се заштитени со авторски права, со сите права задржани, освен ако не е поинаку наведено.