Please use this identifier to cite or link to this item: http://hdl.handle.net/20.500.12188/2097
Title: Јазичен диверзитет или асиметричен билингвизам: предизвиците на јазичката правда во Република Македонија
Authors: Степановски, Марјан
Keywords: јазичка правда, јазични права, диверзитет, добро владеење, Република Македонија, мултилингвизам, мултикултурализам, јавни политики
Issue Date: 2019
Publisher: Филозофски факултет, Скопје
Source: Степановски, М. (2019). Јазичен диверзитет или асиметричен билингвизам: предизвиците на јазичката правда во Република Македонија. Докторска дисертација. Скопје: Филозофски факултет.
Abstract: Поаѓајќи од претпоставката дека подобрувањето на квалитетот на општественото живеење е во позитивна корелација со степенот на усогласеност на јазичниот систем со универзално-прифатените начела на демократијата и човековите права, односно дека правичноста на овој систем претставува предуслов за еднакви и правични услови за сите граѓани подеднакво, оваа дисертација ја евалуира развојната компонента и одржливоста на политиките, наспроти предизвиците, кои ја регулираат и насочуваат јазичната правда во Република Македонија. Истовремено, дава одговор на тоа дали и до која мера системот на јазична правда во Република Македонија е во согласност со универзално прифатените начела на демократијата, човековите права и доброто владеење. Јазичната димензија на правдата, како клучен аспект на ова истражување, се надоврзува на начелата на доброто владеење, акцентирајќи го мултикултурализмот и диверзитетот, во поглед на подобрување на јавните политики, кои подразбираат приближување кон ЕУ, но и обезбедување одржлив и правичен модел во национални рамки, во духот на инклузивноста на идеолошките и идентитетските политики на дефинирани во клучни документи и инструменти за заштита на јазичните права. Преку клучните критериуми на диверзитетот се опишува и рамката која води кон јазичната правда, а произлегува од соодносот помеѓу промоцијата и соодветната заштита на јазичниот диверзитет наспроти мултилингвизмот, со што се евалуира и влијанието на јазичната правда врз мирот, стабилноста и доброто владеење во Република Македонија. Правдата како концепт, кој се базира на постулатите на етиката, рационалноста и пропишаните правила и норми, подразбира праведност и правичност во секој поглед. Оттука, потребна е соодветна рефлексија на овие базични постулати во мерките и активностите на јазичните политики, кои на правичен начин би ги признале и промовирале јазичните права на сите граѓани на Република Македонија, и би ја отсликале мултикултурноста и мултијазичната реалност на земјата во еден кохерентен јазичен систем, соодветен на унитарниот карактер на политичкиот систем, со јасни развојни цели и стратегија која пак позитивно ќе влијае врз развојната и интегративната перспектива на политичкиот систем.
Description: Докторска дисертација одбранета во 2019 година на Филозофскиот факултет во Скопје, под менторство на проф. д–р Билјана Ванковска.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/2097
Appears in Collections:Faculty of Philosophy 08: Dissertations preceding the Doctoral School / Дисертации пред Докторската школа
UKIM 01: Dissertations preceding the Doctoral School / Дисертации пред Докторската школа

Files in This Item:
File Description SizeFormat 
mstepanovski2019.pdf1.89 MBAdobe PDFThumbnail
View/Open
Show full item record

Page view(s)

108
checked on Jul 25, 2024

Download(s)

157
checked on Jul 25, 2024

Google ScholarTM

Check


Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.