За еден вид ономастички фразеолошки единици во францускиот јазик
Journal
ИМИЊАТА И ФРАЗЕОЛОГИЈАТА
Date Issued
2018
Author(s)
Abstract
Целта на нашиот труд е разгледување на една посебна категорија ономастички фразеолошки единици во францускиот јазик. Имајќи предвид дека станува збор за група која е многу богата, но и хетерогена поради различното потекло на употребените имиња и нивниот вид (лични, географски и сл.), ние се задржуваме на примери од француското изворно творештво чиј семантички полнеж е насочен кон жената или мажот. Изборот на примерите е направен во согласност со начелата на фразеологијата во поширока смисла, што значи дека ќе бидат земени предвид единици од различен тип, како фразеолошки изрази, интерактивни единици, но и сложени именки со составна компонента антропоним. Примерите се анализираат од семантичка и од функционална гледна точка, при што посебен акцент е ставен на мотивираноста на употребата на имињата, со што ќе откриеме дел од симболиката на тие имиња во колективната свест на француските говорители.
Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
Joana Hadzi-Lega Hristoska - Slavofraz.pdf
Size
539.01 KB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):eed5840bb34148cae276f96c03d13e22
