Симболиката на жената и на мажот и лингвистичките истражувања
Journal
Меѓународен дијалог Исток-Запад (филозофија, лингвистика, културологија)
Date Issued
2018-04
Author(s)
Abstract
Симболите отсекогаш имале значајно место во човечкиот живот. Голем дел од нив се универзални, но сепак добиваат и специфични значења во различни јазични и културни заедници. Следствено на тоа, тие имаат и социјализирачка функција зашто му овозможуваат на човекот да се идентификува со заедницата на којашто ѝ припаѓа. Проучувањето на симболиката на определени референти наоѓа свое место и во лингвистичките истражувања, особено во оние што се занимаваат со фигуративните значења на различни видови единици. Така, во нашето истражување посветено на местото на жената и на мажот во свеста на француските и на македонските говорители констатираме дека фигуративните значења на нашите два референта во голема мера се инспирираат од нивната речиси универзална симболика.
Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
Joana Hadzi-Lega Hristoska - Megjunaroden dijalog.pdf
Size
144 KB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):373797c59f03c569daf35d05e22fd77b
