Repository logo
Communities & Collections
Research Outputs
Fundings & Projects
People
Statistics
User Manual
Have you forgotten your password?
  1. Home
  2. Ss. Cyril and Methodius University in Skopje
  3. UKIM 01: Dissertations preceding the Doctoral School / Дисертации пред Докторската школа
  4. Анализа на развојните ефекти на одделни големи и средни хидро-енергетски проекти во Република Македонија
Details

Анализа на развојните ефекти на одделни големи и средни хидро-енергетски проекти во Република Македонија

Date Issued
2019
Author(s)
Велија, Зана
Abstract
Енергијата претставува фундаментален услов за каква било економска активност. Затоа, нејзиното отсуство или изобилство влијае врз општествата, но и општествата влијаат врз енергијата. Поаѓајќи од фактот дека енергијата претставува клучен инпут за продуктивноста на националните економии на 21 век, улогата на енергијата во економскиот раст е клучен движечки столб за развој. Од страна на економијата, енергијата треба да се третира како и секој друг редок ресурс што треба ефикасно да се алоцира во економијата. Ова значи дека микроекономските концепти за понудата и побарувачката на енергија и макроекономските прашања за инвестициите, финансирањето и корелацијата со другите економски поими треба да бидат главните теми при дефинирањето на улогата на енергетиката врз економијата. Секторот на енергетиката е под континуирано влијание од интеракциите што се случуваат во меѓународните; националните; регионалните; локалните нивоа; индустриите и домаќинствата. Овие интеракции честопати вклучуваат во себе повеќе дисциплинарни и интердисциплинарни области и интереси, со што се појавуваат прашања во врска со употребата на енергијата и ефектите врз животната средина, врз социо-економските интереси на различни групи итн. Во оваа дисертација се анализирани современите случувања во сферата на енергетиката и светските трендови на модерните економии. Целта е да се даде јасна слика за постојната состојба на националниот енергетски систем во земјата во споредба со светските трендови, стратешките постигнувања и недостатоци. Посебно внимание заземаат макроекономските прашања за инвестициите во хидроенергетската инфраструктура, како и нивното влијание врз националната економија. Според анализите, енергетскиот сектор во Р. Македонија се соочува со големи предизвици. Од една страна, постои ризик од потреба за зголемување на увозот на електрична енергија како резултат на намалување на домашните енергенти, како што е јагленот. Од друга страна, постои недостиг на интерес и јасно стратешко планирање во однос на тоа како до реализација на планираните инвестиции за зголемување на домашното производство на енергија. Националната економија на Р. Македонија паралелно се соочува со различни предизвици - недостиг на институционалните капацитети кои би овозможувале развој на потребните инвестиции и слаби макроекономски показатели за финансирање и реализација на инвестициите. Изградбата на големите ХЕЦ на долг рок доведува до Паретово подобрување. Но, како што е констатирано и според макроекономскиот модел спроведен во дисертацијата, инвестициите претставуваат дополнително задолжување на државата што во краток рок, со оглед на слабите макроекономски параметри, може да доведе до негативни ефекти. Ова значи дека паралелно треба да се обезбедат поадекватни услови за привлекување странски директни инвестиции и инволвирање на приватниот сектор во доменот на енергетиката. Дополнително, колку и да е либерализиран пазарот на енергетика, има потреба од ефикасни државни интервенции и регулации за ефикасно функционирање.
File(s)
Loading...
Thumbnail Image
Name

ZanaVelija2019.pdf

Size

4.17 MB

Format

Adobe PDF

Checksum

(MD5):d007affa65c20e204bc4d4f77ef4d743

⠀

Built with DSpace-CRIS software - Extension maintained and optimized by 4Science

  • Accessibility settings
  • Privacy policy
  • End User Agreement
  • Send Feedback
Repository logo COAR Notify