Ве молиме користете го овој идентификатор да го цитирате или поврзете овој запис: http://hdl.handle.net/20.500.12188/17360
Наслов: Извозот на капитал во вид на странски директни инвестиции од големите растечки економии кон остатокот од светот – импликации врз глобалниот економски поредок
Authors: Блажевска, Анита
Keywords: БРИК, извоз на СДИ, нето-инвестициска позиција
Issue Date: 2020
Publisher: Економски факултет, УКИМ, Скопје
Source: Блажевска, Анита (2020). Извозот на капитал во вид на странски директни инвестиции од големите растечки економии кон остатокот од светот – импликации врз глобалниот економски поредок. Докторска дисертација. Скопје: Економски факултет, УКИМ.
Abstract: Целта на оваа докторска дисертација е да го утврди местото, значењето и реалната моќ на Бразил, Русија, Индија и Кина (БРИК) во светската економија и притоа да утврди дали постои нарушување на баланост на моќ на силите помеѓу водечките економии под дејство на растот на БРИК, т.е. ќе даде осврт на политекономските аспекти од овој процес врз глобалниот економски поредок. Иако, во последните 20 години се забележува значителен раст на уделот на СДИ од групата БРИК во глобалните текови на капитал, постои недостаток на литература која директно ги анализира СДИ од БРИК, што всушност е и причината зошто акцентот на ова истражување е врз извозот на капитал во вид на СДИ од овие земји. Имајќи ги предвид целите на истражувањето, а тоа е да се образложи значењето и реалната моќ на земјите од групата БРИК во светската економија, развојниот инвестициски пат на Dunning ќе биде клучната теорија врз која ќе го градиме нашето истражување. Користејќи ги нејзините постулати ќе направиме анализа на фазите на развој на секоја земја од групата БРИК поединечно, но и ќе направиме релативна споредба на нивните макроекономски перфоманси со најразвиените земји од групата седум најразвиени пред сè. Ваквиот пристап ќе ни овозможи да изведеме здрави заклучоци дали постои нарушување на баланост на силите помеѓу водечките економии во светот под дејство на растот на БРИК. За да може да се оствари целта на истражувањето, неопходно е истата да биде поставена и остварена врз основните методолошки начела кои се иманентни за научниот метод. Во ова истражување ќе биде употребена квалитативната методологија преку специфичниот методолошки дизајн – студија на повеќе случаи за кој веруваме дека ќе ни овозможи да создадеме пореална слика за општествениот феномен (во случајот, растот на БРИК и влијанието врз глобалниот економски поредок).
Опис: Докторска дисертација одбранета во 2020 година на Економскиот факултет во Скопје, под менторство на проф. д–р Таки Фити.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/17360
Appears in Collections:UKIM 01: Dissertations preceding the Doctoral School / Дисертации пред Докторската школа

Files in This Item:
File Опис SizeFormat 
AnitaBlazevska2020.pdf6.37 MBAdobe PDFView/Open
Прикажи целосна запис

Page view(s)

8
checked on 8.6.2024

Download(s)

62
checked on 8.6.2024

Google ScholarTM

Проверете


Записите во DSpace се заштитени со авторски права, со сите права задржани, освен ако не е поинаку наведено.