Економските ефекти на јавните расходи во современите држави и во Република Македонија
Date Issued
2014
Author(s)
Азири, Елми
Abstract
Во оваа докторска дисертација се обработува проблематиката од областа на јавните финансии. Содржината на трудот е презентирана како една целина составена од четири глави: 1. Теориските концепции на јавните расходи 2. Обем и структура на јавните расходи во современите држави 3. Економските ефекти на јавните расходи во современите држави 4. Јавните расходи во Република Македонија Основната идеја на трудот е да се прикаже дека крајните ефекти од политиката на јавните расходи, особено на јавните инвестиции треба да бидат со позитивно влијание врз нивото на приватните инвестиции, економскиот раст и развој. Обемот на јавните расходи треба да биде во функција на реализирање на целите утврдени со макроекономската политика. Политиката на јавните расходи треба да биде во функција на стимулирање на агрегатната побарувачка, особено треба да биде насочена кон остварување на поголем простор за што поголемо учество на капиталните расходи во вкупните расходи, бидејќи тоа претставува најдобар начин преку јавните расходи да се поттикнуваат економскиот раст и развој на земјата.
Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
ElmiAziri2014.pdf
Size
1.26 MB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):7a5518687b3b913b18647ee990edde02
