Please use this identifier to cite or link to this item: http://hdl.handle.net/20.500.12188/16998
Title: Локалната самоуправа и локалниот економски развој во Република Македонија
Authors: Христова, Снежана
Keywords: локална самоуправа, локален економски развој (ЛЕР), локална економија, Република Македонија
Issue Date: 2012
Publisher: Економски факултет, УКИМ, Скопје
Source: Христова, Снежана (2012). Локалната самоуправа и локалниот економски развој во Република Македонија. Докторска дисертација. Скопје: Економски факултет, УКИМ.
Abstract: Во спрега на нови односи и промени што се иницирани пред сè од глобализацијата и од децентрализацијата, се воспоставија нови политики и практики во развојот на локалните средини, така што национално-економското ниво, од глобален аспект, ја релативизира сопствената улога за сметка на локалното ниво, кое практично прерасна во единица на фокусирање на процесите на економскиот развој. Локалниот економски развој (ЛЕР) е процес во кој локалните власти во општините преку нивната соработка со институциите од јавниот сектор, со бизнис-заедницата и, во одредена мера, со невладиниот сектор креираат поповолни услови за економски пораст и намалување на невработеноста. На овој начин локалната самоуправа помага во зајакнувањето на локалната економија, креирањето динамична претприемачка култура и поволна бизнис-клима, унапредувајќи го на тој начин и квалитетот на живот на граѓаните во општината. Локалната самоуправа треба целосно да го промени концептот на дејствување, во смисла да ги зајакне своите компетенции и способности, во решавањето на локалните економски проблеми, односно во задоволувањето на локалните потреби. Логиката зад ова е едноставна: локалните власти се поспособни да се приспособат на спецификите и да ги утврдат приоритетите на локалниот економски развој. Предмет на трудот е ЛЕР во Република Македонија, како една од клучните пренесени надлежности на единиците на локалната самоуправа во децентрализацијата. Повеќе од една деценија од активното пренесување на ингеренциите за ЛЕР е доволен период да се анализираат состојбите поврзани со ЛЕР кај нас и особено улогата на локалната самоуправа, која со примена на адекватни ЛЕР-политики и стратегии треба да биде катализатор на развојните процеси во општината. ЛЕР, поради својата комплексност и мултидимензионалност, покрај основната детерминираност од (не)поволните локални услови т.е. ресурси (природни потенцијали, географска местоположба, базична работна сила), како и од правната и институционална рамка, определува порастот и развојот на општината да зависат и од моќта и од способноста на локалните власти за примена на интегрални пристапи во процесот на спроведување и имплементација на политиките, стратегиите и инструментите. Посебно внимание во трудот им се посветува на аспектите за јакнење на капацитетите за финансиска доволност и самтабла остојност на општините, за стратегиско планирање и на компетентноста и стручноста на административниот кадар, кои се основни императиви за поддршка и постигнување економски развој преку активирање на условите и организациските структури за пресретнување на локалните потреби. Постојните предности и потенцијали во општините кај нас се недоволно искористени и, оттаму, тие треба преку примената на мерките и на инструментите на локално-економската политика од компаративни да се претворат во конкурентски предности, со што ќе може да се генерира отворање на нови работни места и да се зголеми благосостојбата на заедницата, а со тоа и повеќе ќе се афирмира самото значење на ЛЕР.
Description: Докторска дисертација одбранета во 2012 година на Економскиот факултет во Скопје, под менторство на проф. д–р Наталија Николовска.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/16998
Appears in Collections:UKIM 01: Dissertations preceding the Doctoral School / Дисертации пред Докторската школа

Files in This Item:
File Description SizeFormat 
SnezanaHristova2013.pdf5.48 MBAdobe PDFView/Open
Show full item record

Page view(s)

20
checked on May 3, 2024

Download(s)

58
checked on May 3, 2024

Google ScholarTM

Check


Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.