Ве молиме користете го овој идентификатор да го цитирате или поврзете овој запис:
http://hdl.handle.net/20.500.12188/16998| DC Field | Value | Language |
|---|---|---|
| dc.contributor.author | Христова, Снежана | en_US |
| dc.date.accessioned | 2022-03-18T18:42:55Z | - |
| dc.date.available | 2022-03-18T18:42:55Z | - |
| dc.date.issued | 2012 | - |
| dc.identifier.citation | Христова, Снежана (2012). Локалната самоуправа и локалниот економски развој во Република Македонија. Докторска дисертација. Скопје: Економски факултет, УКИМ. | en_US |
| dc.identifier.uri | http://hdl.handle.net/20.500.12188/16998 | - |
| dc.description | Докторска дисертација одбранета во 2012 година на Економскиот факултет во Скопје, под менторство на проф. д–р Наталија Николовска. | en_US |
| dc.description.abstract | Во спрега на нови односи и промени што се иницирани пред сè од глобализацијата и од децентрализацијата, се воспоставија нови политики и практики во развојот на локалните средини, така што национално-економското ниво, од глобален аспект, ја релативизира сопствената улога за сметка на локалното ниво, кое практично прерасна во единица на фокусирање на процесите на економскиот развој. Локалниот економски развој (ЛЕР) е процес во кој локалните власти во општините преку нивната соработка со институциите од јавниот сектор, со бизнис-заедницата и, во одредена мера, со невладиниот сектор креираат поповолни услови за економски пораст и намалување на невработеноста. На овој начин локалната самоуправа помага во зајакнувањето на локалната економија, креирањето динамична претприемачка култура и поволна бизнис-клима, унапредувајќи го на тој начин и квалитетот на живот на граѓаните во општината. Локалната самоуправа треба целосно да го промени концептот на дејствување, во смисла да ги зајакне своите компетенции и способности, во решавањето на локалните економски проблеми, односно во задоволувањето на локалните потреби. Логиката зад ова е едноставна: локалните власти се поспособни да се приспособат на спецификите и да ги утврдат приоритетите на локалниот економски развој. Предмет на трудот е ЛЕР во Република Македонија, како една од клучните пренесени надлежности на единиците на локалната самоуправа во децентрализацијата. Повеќе од една деценија од активното пренесување на ингеренциите за ЛЕР е доволен период да се анализираат состојбите поврзани со ЛЕР кај нас и особено улогата на локалната самоуправа, која со примена на адекватни ЛЕР-политики и стратегии треба да биде катализатор на развојните процеси во општината. ЛЕР, поради својата комплексност и мултидимензионалност, покрај основната детерминираност од (не)поволните локални услови т.е. ресурси (природни потенцијали, географска местоположба, базична работна сила), како и од правната и институционална рамка, определува порастот и развојот на општината да зависат и од моќта и од способноста на локалните власти за примена на интегрални пристапи во процесот на спроведување и имплементација на политиките, стратегиите и инструментите. Посебно внимание во трудот им се посветува на аспектите за јакнење на капацитетите за финансиска доволност и самтабла остојност на општините, за стратегиско планирање и на компетентноста и стручноста на административниот кадар, кои се основни императиви за поддршка и постигнување економски развој преку активирање на условите и организациските структури за пресретнување на локалните потреби. Постојните предности и потенцијали во општините кај нас се недоволно искористени и, оттаму, тие треба преку примената на мерките и на инструментите на локално-економската политика од компаративни да се претворат во конкурентски предности, со што ќе може да се генерира отворање на нови работни места и да се зголеми благосостојбата на заедницата, а со тоа и повеќе ќе се афирмира самото значење на ЛЕР. | en_US |
| dc.language.iso | mk | en_US |
| dc.publisher | Економски факултет, УКИМ, Скопје | en_US |
| dc.subject | локална самоуправа, локален економски развој (ЛЕР), локална економија, Република Македонија | en_US |
| dc.title | Локалната самоуправа и локалниот економски развој во Република Македонија | en_US |
| dc.type | Thesis | en_US |
| item.grantfulltext | open | - |
| item.fulltext | With Fulltext | - |
| Appears in Collections: | UKIM 01: Dissertations preceding the Doctoral School / Дисертации пред Докторската школа | |
Files in This Item:
| File | Опис | Size | Format | |
|---|---|---|---|---|
| SnezanaHristova2013.pdf | 5.48 MB | Adobe PDF | View/Open |
Page view(s)
35
checked on 20.7.2025
Download(s)
102
checked on 20.7.2025
Google ScholarTM
Проверете
Записите во DSpace се заштитени со авторски права, со сите права задржани, освен ако не е поинаку наведено.