Please use this identifier to cite or link to this item: http://hdl.handle.net/20.500.12188/16967
Title: Концептот на „суштествена повреда“ на договорот согласно член 25 од Конвенцијата на Обединетите нации за договорите за меѓународна продажба на стоки
Authors: Коцев, Љубен 
Keywords: Виенска конвенција, договор за продажба на стоки, раскин на договор, суштествена повреда
Issue Date: 2021
Publisher: Економски факултет - Скопје
Source: Коцев, Љ. (2021). Концептот на „суштествена повреда“ на договорот согласно член 25 од Конвенцијата на Обединетите нации за договорите за меѓународна продажба на стоки. Годишник на Економски Факултет - Скопје, том 56, 153-168.
Journal: Годишник на Економски факултет - Скопје, том 56. 2021
Abstract: Процесот на унификација на меѓународното трговско право има за цел да ги отстрани разликите кои постојат во националните права, и следствено да ја отстрани неизвесноста за меродавно право врз деловните односи помеѓу трговците. Конвенцијата на Обединетите нации за договорите за меѓународна продажба на стоки од 1980 година (Виенска конвенција) до денешен ден претставува најуспешниот механизам за унификација на меѓународните договори за продажба на стоки. Со оглед на разликите кои постојат во националните законодавства како резултат на различните историски, социјални и економски фактори, авторите на Конвенцијата биле исправени пред огромен предизвик да изготват инструмент кој ќе ги земе предвид овие разлики и ќе понуди решение кое ќе биде прифатливо за сите држави. Низ долг процес на дијалог, работната група успеала да ги надмине овие разлики нудејќи инструмент кој има широка распространетост и прифатеност низ целиот свет. Носењето на Конвенцијата неминовно значело и воспоставување иновативни правни концепти кои немаат никаква историска поврзаност со постоечките правни системи и кои ќе се развиваат под влијание на процесите и трендовите во меѓународната трговија, изолирани од националните права на државите членки. Од бројните иновативни концепти, ниту еден не привлекува толкаво внимание како концептот на „суштествена повреда“. Поради тоа, истиот ќе биде предмет на анализа на овој труд. трудот најпрво го дефинира концептот на суштествена повреда и неговото значење за меѓународната продажба на стоки. Понатаму, во трудот се анализираат елементите на концептот на теоретско ниво, пред да се анализираат случаи кои може да се окарактеризираат како суштествена повреда на обврските на договорните страни – купувач и продавач.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/16967
Appears in Collections:Faculty of Economics 06: Annual of the Faculty of Economics - Skopje / Годишник на Економски факултет - Скопје

Files in This Item:
File Description SizeFormat 
Godisnik ljuben kocev.pdf301.63 kBAdobe PDFView/Open
Show full item record

Page view(s)

117
checked on Apr 25, 2024

Download(s)

79
checked on Apr 25, 2024

Google ScholarTM

Check


Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.